3Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
Забава„Шарска белина – шарска убавина стартува скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка"„Шарска белина – шарска убавина" – Скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка"отворање на Скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка".Министерствата за животна средина и просторно планирање и за економија, во соработка со „Елем Турс", денеска ќе го спроведат настанот „Шарска белина – шарска убавина" – отворање на Скијачката сезона во Ски- центарот „Попова Шапка", на паркингот над хотел Славија на Попова Шапка. Како што е најавено, обраќања ќе имаат министрите за животна средина и просторно планирање и за економија, Насер Нуредини и Крешник Бектеши и директорите на „Елем Турс" и на Националниот парк „Шар Планина", Адем Авзиу и Ибрахим Дехари. Со настанот ќе се означи почетокот на скијачката сезона во новиот НП „Шар Планина" и по тој повод ќе биде промовиран Планот за управување со националниот парк, што е во финална фаза на изработка и за кој што допрва ќе следуваат консултации со јавноста, како и оставарувањата и плановите за развој на инфраструктурата во овој туристички центар. Среда и четврток се бесплатни денови за скијање и користење на ски-лифтовите и жичниците во Ски-центарот, кој ќе работи од 9:00 до 15:30. На денот на отворањето, во функција ќе бидат ставени и шестоседата жичница, Ски-лифтот „Ајдучка рамнина 1" – ГЕ, Ски-лифтот „Бабин Извор" – Аеродром, Ски-лифтот „Поток 1" – Тететкс, Ски-лифтот „Поток 2" – Тететкс, Двоседа жичница „Св. Илија" и Двоседа жичница „Син врв" – Церипашина. Во текот на сезоната ќе биде ставен во функција и ски-лифтот „Ајдучка рамнина 2" – ГЕ. Првпат оваа година, ски-сезоната се отвора откако Шар Планина е прогласена за Национален Парк. Менаџерскиот тим предводен од управителот на „ЕЛЕМ ТУРС", Адем Авзиу изминатиов период интензивно работеа на модернизација на Ски-центарот „Попова Шапка" и првпат после 30 години се преземаат активности за подобрување на условите и можностите во ски-центарот. Во изминативе седум месеци се работеше на бројни активности врзани за средување на скијачката инфраструктура и маркирање на ски-патеките. Се инвестираше во нова ски-патека долга два километра, на која е инсталирано дополнително осветлување и на која може да има и ноќно скијање. Исто така, Ски-центарот првпат оваа година доби јавни тоалети, вкупно пет, а за оваа ски-сезона се инвестираше и во два модерни мини-бар ресторани (бачила) лоцирани во близина на ски-патеките каде што скијачите ќе можат да се освежат и одморат. Првпат во историјата на Попова Шапка ќе се гради најголемиот снежен парк во регионот, место за љубителите на адреналинските спортови. Претстојната сезона е решено прашањето за паркиранг за посетителите на Ски-центарот „Попова Шапка". Покрај големиот паркинг, спроти полициска станица (P1) оваа сезона се пуштени во целосна употреба и два нови постоечки паркинзи (P2 и P3). Паркингот P2 е лоциран под х. Славија, a Паркингот P3 се наоѓа спроти х. Скардус. Истите се обележани со соодветна сигнализација и континуирано се одржуваат од службите на Ски-центарот. Со користење на овие паркинг места се добиват дополнителни 250 до 300 паркинг места, што овозможува да се спречи создавањето на сообраќајниот хаос кој го има сособено за време на зимската сезона. Исто така, се планира во време на викендите кога посетеноста е најголема, а возилата се паркираат и по неколку колометри подалеку, да биде воведен бесплатен автобус за превоз на посетителите до скијачките терени. Преземени се сите мерки за безбедно скијање со обезбедување на ски-патеките, но и со почитување на здравствените протоколи. За првпат оваа сезона во функција е Info&SOS бесплатен телефонски број, на кој посетителите, во секое време можат да добијат сервисни информации или да побараат помош доколку се најдат во неволја. Во целиот Ски-центар, на соодветни места поставени се информации за Правилата и забраните за скијање и однесување на ски-патеките заради безбедност на самите скијачи. Билетарите, вкупно пет, се видно обележани и се поставени на соодветно место со цел да се избегнат големите гужви што беа честа глетка изминатите скијачки сезони. Исто така, заштитени и обележани се местата за најмалите санкачи во Ски-центарот. Одговорните во Ски-центарот и менаџерскиот тим се во секојдневна координација, со цел доследно почитување и спроведување на утврдениот и усвоен План на активности во Ски-центарот за зимска сезона 2021/2022. Во настојувањето Попова Шапка да го поврати сјајот и значајот кој го имаше порано активно е вклучена и Владата. Посветената реализација на плановите поврзани за инфраструктурата и подобрување на услугите за посетителите наиде на огромна поддршка од министерот за економија Кресник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. На располагање на посетителите во Ски-центарот, покрај бројните сместувачки капацитети, се и хотелите „Славија" и „Попова Шапка" со кои стопанисува „ЕЛЕМ ТУРС" и кои нудат бројни пакети за сместување и користење на ски-билети, школата за млади скијачи, наем на опрема и слично, како и попусти за повеќедневен аранжман во хотелите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00