„Господ постои. Нè спасува мула“, пишува на натписот на карикатураат. Може да се види показалец како притиска на хеликоптер од кој ѕирка телото на една личност.
Да потсетиме, Раиси загина во неделата во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан. Остатоците од хеликоптерот во кој се урна Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан беа пронајдени следниот ден по бурна потрага.
Некои Иранци ја прославија смртта на претседателот кој беше познат по своите тврдокорни ставови. Една година по доаѓањето на власт, тој нареди построго спроведување на иранскиот закон за хиџаб, кој го ограничува облекувањето и однесувањето на жените. За неколку недели, младата Иранска Курдка, Махса Амини, почина во притвор откако беше уапсена од полицијата за морал за наводно прекршување на тој закон.
Како млад обвинител во Техеран, Раиси седеше на панел кој ја надгледуваше егзекуцијата на стотици политички затвореници во главниот град во 1988 година, додека осумгодишната војна на Иран со Ирак се приближуваше кон крајот, велат групите за човекови права.
Инквизиции познати како „комисии на смртта“ составени од верски судии, обвинители и разузнавачи на министерството беа формирани низ Иран за да одлучуваат за судбината на илјадници затвореници во произволни судења кои траат само неколку минути, се вели во извештајот на Амнести интернешенел.