„Сен Амур“ ќе го отвори 19. Скопскиот филмски фестивал - Канал 5

„Сен Амур“ ќе го отвори 19. Скопскиот филмски фестивал

Вкупно 77 филма, работилници и мастеркласа ќе бидат дел од 19-то издание на Скопскиот филмски фестивал.

„Сен Амур“ ќе го отвори 19. Скопскиот филмски фестивал
Фестивалот ќе биде отворен в петок, во киното „Милениум“, со „Сен Амур“, филмот што го отвори и последното издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Се работи за најновиот филм на белгиско – францускиот режисерски двоец Беноа Делепин и Густав Керверн. Во овој филм, во главните улоги се Жерар Депардје и Кјара Мастројани, ќерката на легендарниот Марчело Мастројани и Мишел Уелбек, еден од најинтригантните писатели на денешницата.

До 30 април посетителите можат да погледнат повеќе филмови, кои ќе се прикажуваат во кината „Милениум“ и „Фросина“ и во Кинотека. Филмовите се распоредени во девет програми: „Гала“, „Програма на авторски филм“, „Панорама на светски филм“, „Македонска продукција“, во која публиката ќе ги види најновите кратки, анимирани и документарни филмови на млади македонски автори. Скопскиот филмски фестивал за својата публика подготви „Ретроспектива на Педро Алмодовар“, во рамки на која ќе идат прикажани девет негови филмови.

Годинава, ќе може да се видат и најнтересните француски филмови во програмата „Фокус на францускот филм“, а во соработка со Кинотека на Македонија и „Фокус на тајванскиот филм“. Ќе биде прикажана и „Програмата на кратки филмови“ од најановата светска продукција и посебна „Програма на кратки шпански филмови“.

Во „Гала програмата“ е добитникот на Оскар за најдобар филм од неанглиско подрачје, унгарскиот „Синот на Шаул“-моќен дебитантски филм на режисерот Ласло Немеш, „Каде да се окупира следно“, најновиот филм на оскаровецот Мајкл Мур. Меѓу филмовите се и „Мојот крал“, награден на Канскиот филмски фестивал, „Крвта на мојата крв“, новото дело на италијанскиот мајстор Марко Белокио, а во оваа програма е и филмот „Лазар“, најново остварување на македонскиот режисер Светозар Ристовски.

Во рамки на програмата „Авторски филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Рјузо и седумте следбеници“ на Такеши Китано, „Слободен пад“ од Ѓерѓ Палфи, кој по „Таксидермија“ се враќа со ново остварување. Ќе биде прикажан и „Мажи и кокошки“, на Андерс Томас Јенсен, највпечтливиот филмски талент од Данска, по Ларс фон Трир.

Дел од програмата „Панорама на светскиот филм“ се „Карол“ со маестралната Кејт Бланшет и „Суфражетки“ со извонредна актерска екипа предводена од Мерил Стрип, францускиот „Мојот крал“ со Винсент Касел и Емануел Беркот во главните улоги, кои беа наградени во Кан.

Во рамки на годинашново издание на Скопски филмски фестивал во кино „Фросина“, на 28 април ќе се одржи Работилница за филмска музика со Игор Василев Новоградска. Предавањето е за јазикот на филмската музика и комуникацијата меѓу музичките форми и драмското дејство.

Годинава има и Работилница/ Мастер класа за експериментален филм со Карл Абрахамсон.

На фестивалот ќе се одржи и првиот Media day Инфо ден со цел да се информираат и да им се даде поддршка на македонските филмски професионалци и други заинтересирани во изготвувањето на апликации за потпрограмата МЕДИА Креативна Европа. Канцеларијата во Агенцијата за филм ја води Владимир Стојчевски.

Во соработка со Дебатно кино „Контра кадар“ ќе се одржи дебата и проекција на филмот „Вита актива, духот на Хана Арент“. На дебатата на тема „Како се банализира злото“, во кино „Фросина“, гостинка ќе биде професорката Мирјана Најчевска, а дискусијата ќе ја модерира Слаѓан Пенев.

Најевтиниот билет за една проекција чини 50 денари, а целодневниот билет за три или четири филмови ќе чини 200 денари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место.

Кариера

Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали.

Кариера

Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе.

Здравје и совет

Посветете му се на вашето хоби.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис.

Кариера

Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Прифатете ги другите какви што се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Кариера

Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба.

Здравје и совет

Радувајте се .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша.

Кариера

На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено.

Здравје и совет

Будете поумерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте.

Кариера

Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани.

Здравје и совет

Однесувајте се природно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста.

Кариера

Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата.

Здравје и совет

Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Ќе ви се спие.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност.

Кариера

Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени.

Кариера

Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе.

Здравје и совет

Повеќе живејте во сегашноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат.

Кариера

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени.

Здравје и совет

Држете се до фактите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас.

Кариера

Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација.

Здравје и совет

Чувајте се од провев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво Рангеловиќ

Богдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се прев

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

исоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања.

Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно?

Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“?

Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна.

Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената.

Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето.

Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања.

Треба ли мажот да ја плати вечерата?

Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи.

Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата.

Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската.

Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин.

Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“.

Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот.

Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе.

Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди?

Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа.

Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава.

Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа.

Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер