„Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ НАТУРА ТЕРАПИ започна голема хуманитарна акција - Канал 5

„Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ НАТУРА ТЕРАПИ започна голема хуманитарна акција

НАТУРА ТЕРАПИ е општествено одговорна компанија која во време на пандемијата понуди низа акциски попусти со цел нивните производи да бидат достапни за секој. 

„Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ НАТУРА ТЕРАПИ започна голема хуманитарна акција

Водени од тоа дека не се печали на маката на туѓ грб, профитот од продажбата беше намален со цел компанијата да им овозможи на купувачите да можат да набават препарати на природна база како превентива од болести.

Натура терапи и натаму работи за општо добро на сите: Тие реализираат голема хуманитарна акција „Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ со која сакаат да и помогнат на Клиниката за детски болести! Имено со секој купен пакет производи од НАТУРА ТЕРАПИ компанијата ќе донира средства кои ќе бидат искористени за набавка на опрема за Клиниката за детски болести!

YouTube video

НАТУРА ТЕРАПИ е дел од оваа заедница и од животните приказни на луѓето од Македонија и токму поради тоа ја иницираше оваа добротворна акција во која може да се вклучи секој поединец кој се чувствува хуман и е дел од оваа заедница.

Со набавката на опрема за оваа здравствена установа ќе се овозможат подобри услови за децата на кои тоа им е најпотребно. Секое дете заслужува да расте здраво и среќно, а сите ние заедно треба да помогнеме и да им обезбедиме подобра нега и грижа.

Денес, обврска на една компанија не е само да произведува здрави и квалитетни производи кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и да помага во локалната заедница. Да покаже грижа, емпатија, да едуцира и континуирано да биде активна со општетсвено корисни активности од интерес на сите.

Тоа е мисијата на Натура Терапи, да ги поттикне луѓето да обрнат повеќе внимание на своето здравје и да користат природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на својот максимален животен потенцијал.

НАТУРА ТЕРАПИ континуирано иницира и помага проекти од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар живот за сите и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност во соработка со локалната заедница.

НАТУРА ТЕРАПИ – Пријател на детската клиника!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер