СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
2СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
2Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
Македонија„Сејф сити“ го намали бројот на сообраќајни прекршоци, се намалил и бројот на сообраќајни незгодиЗа 50 проценти се намалени сообраќајните несреќи во главниот град, откако почна во функција тест периодот на системот „SAFE CITY“, велат од брзата помош. Докторката Ана Џарева објаснува дека сообраќајките се со полесни повреди, нема жртви од сообраќајна несреќа, но и скоро и да нема повреден пешак, што беше случај минатата недела кога само 24 часа беа прегазени пет пешаци, а четворица на пешачки премин и сите беа со тешки телесни повреди. Доктор Џарева објаснува дека секогаш причина за сообрќајните несреќи се брзото возење, алкохолот и минување на црвено на семафори. Во голем дел од повредите граѓаните имаат тешки телесни повреди со инвалидност, а за жал чести беа и смртните исходи. Од МВР посочуваат дека со новиот сообраќаен систем се намалуваат прекршоците, во однос од првото деноноќие кога имаше над 100 илјади прекршоци. И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот ФБ профил објави дека добил порака дека направил прекршок со неговото возило, бидејќи се движел еден километар над дозволената брзина. Тој потенцира дека системот важи за сите без исклучоци и привилегија. И ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Шоу бизФото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во бракСветската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември. Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс. Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите. Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост. 🔗: https://t.co/j7MTVCtFxm #MileyCyrus can buy herself flowers, but this time #MaxxMorando brought the ring. 💍🥹 The couple said “I do” in an intimate Palm Springs ceremony on Nov. 21. Swipe to see exclusive photos from the newlyweds’ special day and head to the link for more. 📷: Backgrid — People (@people) November 22, 2026 „Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот. Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година. „Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој. Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“. На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во АтинаНа покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА. Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена. Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени. На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина. Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена. Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter