Седум години од потпишувањето на Преспанскиот договор - Канал 5

Седум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Седум години откако Македонија и Грција си подадоа рака во Нивици и ставија крај на повеќе деценискиот спор, граѓаните и натаму поделени за ефектите што барем досега ги донесе договорот од Преспа.

 Седум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Дел од нив велат договорот е добар, но треба да се почитува и да се исполнуваат преземените обврски, како од Грција, така и од ЕУ, други пак сметаат дека земјава платила превисока цена менувајќи го уставното име, кое сметаат дека еден ден повторно ќе се врати, оти велат е свето.

-Не сум задоволна, затоа што да промениш име не е мала работа.

-Ништо посебно, освен што го изгубивме името, влеговме во НАТО, во тој договор колку што се сеќавам беше и да се влезе во ЕУ, уште ништо не се случи.

-Јас не се сложувам со тоа што го потпишаа договорот.

Искористивме многу со договорот од Преспа, но штета е што тој залет не заврши со отпочнување на преговорите со ЕУ, како што и ни беше ветено, вели новинарот Столе Наумов.

Сепак, од денешна перспектива, смета дека Македонија ќе имала далеку подобра позиција во спорот со Грција доколку дошло до договор многу порано, оти од 3 децениското статус кво земјава се изложи на непотребни последици. Се надева дека новата генерација на политичари ќе бидат похрабри во носењето на одлуките во претстојните спорови, па и по цена на својата кариера.

-Да беа многу похрабри политичарите, можеа многу порано да го решат овој спор со името со Грција и многу поквалитетно, имаше понуди, имаше можности да не биде ерга-омнес, но тие си „спиеја на ушето“ дека времето работи за нас. Треба политичарите да бидат многу похрабри и да бидат поодлучни, да носат решенија, да не чекаат да легне тоа со текот на времето, очигледно со Грција тоа не легнуваше, туку стануваше се полошо за македонската страна во поглед на можностите што ги нудеше решението на спорот со името,- - Столе Наумов – Новинар.

Договорот, во присуство на тогашните премиери Заев и Ципрас, на денешен ден во 2018 година во Нивици, на грчката страна од Преспа, го потпишаа министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров кој денеска беше недостапен да даде оценка за истиот од денешна перспектива и неговото исполнување. За седум годишнината не се огласија ниту ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку само од ДУИ, кои порачаа дека се девалвира она што се постигнало на храбар и дипломатски начин.

По ова, беше распишан и рефенреднум, со прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“ на кој гласаа само 36,91 отсто од гласачите, но иако цензусот не беше постигнат, власта го толкуваше како одобрување со оглед дека 91% од тие што излегле гласале „ЗА“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер