Се дига еко-рударската заедница за заштита на средината во еден глас: Но пасеран за Цоло Вутов, Дестани и Бугарската мафија во рударскиот бизнис - Канал 5

Се дига еко-рударската заедница за заштита на средината во еден глас: Но пасеран за Цоло Вутов, Дестани и Бугарската мафија во рударскиот бизнис

Неодамна неформалната иницијатива „Спас за струмичка котлина“, имаше сериозен протест во Струмичкиот регион насочен кон, за нив, сомнителната сопственичка структура на Евромакс , а денес и две нови еко здруженија дигнаа глас против Вутов-Дестани!

 Се дига еко-рударската заедница за заштита на средината во еден глас: Но пасеран за Цоло Вутов, Дестани и Бугарската мафија во рударскиот бизнис

Здруженијата Еколог и Еко Флоза– Зелена Свест се приклучуваат на прогласат и јавниот апел “Животната средина не смее да биде заложник на дезинформации” на Здружението на инженери за животна средина, и додаваат - ОСТАНУВАМЕ НА ЗАЛОЖБАТА ДЕКА РУДНИЦИ НА СМРТТА НЕМА ДА ИМА ВО СТРУМИЦА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЦОЛО ВУТОВ, ДЕСТАНИ И БУГАРСКАТА МАФИЈА ДА КОПААТ ВО СТРУМИЦА И ДА НИ ГИ ТРУЈАТ НАШИТЕ ДЕЦА И НАШАТА ЗЕМЈА, ЗАТОА НИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ПРОТЕСТИТЕ И БЛОКАДИТЕ ПОНАТАМУ!

Да потсетиме дека во апелот се велеше:
„Животната средина е прашање кое се однесува на сите нас, без разлика на политичка определба. Затоа, упатуваме јавен апел до сите кандидати за градоначалници и носители на јавни функции да не ја користат животната средина за политички поени, туку да се водат од стручни анализи, европските зелени политики и вистинските потреби на граѓаните. Нашиот апел до граѓаните е да бараат конкретни, мерливи и одговорни еколошки решенија во програмите на кандидатите, а не празни ветувања. Дополнително апелираме до сите граѓани, да ги разгледаат и проценат програмите и изјавите на кандидатите преку призма на стручност, одговорност и усогласеност со европските зелени политики. Според состојбата со животната средина на локално и национално ниво, Здружението на инженери за животна средина смета дека клучните еколошки приоритети на локално ниво како барање од јавноста до кандидатите за градоначалници треба да бидат следните приоритети:

1. Управување со отпадот

o Затворање на старите и несоодветни општински депонии.

o Итна изградба на регионални депонии со селекција и рециклирачки центри.

o Развивање на сопствени локални системи за селекција и рециклирање на отпад.

o Поддршка за воспоставување локален систем за примарна селекција на отпад (пластика, хартија, стакло, био-отпад) на ниво на домаќинства и поставување контејнери за селекција и „зелени острови“ во секоја населба.

o Локални центри за рециклирање и поддршка на компании за преработка на отпад и поддршка на мали и средни бизниси кои рециклираат или користат секундарни суровини.

o Оптимизација, модернизација и дигитализација на системот за собирање и транспорт на отпад

2. Чист воздух и управување со загадувањето

o Намалување на загадувањето на воздухот преку модернизација на јавниот превоз, енергетска ефикасност и контрола на индустриските капацитети.

o Обезбедување на јавно достапни податоци за загадувањето на воздухот во реално време

o Зајакнување на локалните инспекциски служби и воспоставување на редовни инспекциски контроли на загадувачите

o Поддршка за компаниите кои ќе инвестираат во филтри и чисти технологии;

o Финансиска поддршка за домовите за енергетска санација на домовите (фасади, прозорци, греење);

o Изградба на инфраструктура за зголемена мобилност, модерен јавен превоз, велосипедски и пешачки патеки, станици за полнење електрични возила;

o Проширување на зелените површини, паркови и дрвореди;

o Спречување на загадување од градежната индустрија;

3. Контрола и справување со индустриското загадување

o Зголемување на бројот и капацитетот на општинските инспектори за животна средина;

o Редовни и вонредни контроли на индустриските постројки;

o Редовна контрола на јаловишта и депонии на индустриски отпад (пример: рударство, металургија);

o Заложба за рекултивација на земјиштето погодено од индустриски активности и поставување заштитни зелени појаси околу индустриските зони;

o Заштита на водните ресурси во близина на индустриски капацитети;

o Формирање локални зелени совети (граѓани, експерти, НВО) за надзор и транспарентност на индустриските компании;

o Овозможување на поволни услови за сериозни светски компании со изградени внатрешни механизми за контрола и заштита на животната средина за инвестирање во нови технологии;

o Справување со компаниите кои го ставаат профитот над заштитата на животната средина и не преземаат соодветни мерки за нејзина заштита.

4. Заштита на локалните водни ресурси

o Подобрување на квалитетот на водата за пиење и спречување на загадувањето на реките и подземните води.

o Инвестиции и модернизација на инфраструктурата со цел намалување на загубите во водоводната мрежата со цел обезбедување континуиран квалитет на водата за пиење.

o Изградба или модернизација на пречистителни станици за отпадни води.

o Контрола на индустриските објекти и нивното испуштање на отпадни води.

o Воведување систем за сепарација на атмосферски и фекални води во урбаните средини.

o Намалување на прекумерна употреба на пестициди и минерални ѓубрива.

o Поттикнување на органско земјоделство и агроеколошки практики.

o Контрола на складирањето на ѓубриво и отпад во близина на водни ресурси.

o Забрана за нелегално вадење песок и шљунак од речните корита.

o Програми за ревитализација и пошумување околу водните тела.

o Заштита на изворите за пиење вода од неконтролирана урбанизација.

o Отстранување на диви депонии крај реки и езера.

o Поставување систем за контрола и санкции за исфрлање отпад.

o Редовно чистење на речни корита и потоци.

Заштита на природата и локалниот биодиверзитет

o Редовна грижа за зелените површини, парковите и шумите;

o Вклучување на младите и локалните заедници во акции за зачувување на природата;

o Локални планови за управување со паркови, шуми и заштитени подрачја;

o Воспоставување на ренџерски и инспекциски служби за контрола на нелегални активности;

o Развивање на еко-туризам, рурален туризам и агро туризам;.

o Заштита и обновување на шумите;

o Изработка на локални програми за заштита од пожари и ерозија;

o Зачувување на речни екосистеми и забрана за неконтролирана градба и експлоатација крај реки и езера.

o Заштита на водните живеалишта на риби, птици и други видови.

o Засадување медоносни растенија, заштита на ливадите и поддршка за локални пчелари

o Изградба на зелена урбана инфраструктура

o Одржливо управување со природните реткости и заштитените подрачја

o Воведување на Nature-Based Solutions (решенија базирани на природата) во урбано и рурално планирање. Само заедно можеме да изградиме здрава, чиста и одржлива општина за сегашните и идните генерации.

Со почит,

дипл.инж.жив.сре. Методија Саздов,

Претседател Здружение на инженери за животна средина“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер