„Сарај“ и „Тигрици“ се државни победници во Coca-Cola Cup - Канал 5

„Сарај“ и „Тигрици“ се државни победници во Coca-Cola Cup

Македонија успешно ја заврши првата сезона на Плазма Спортските игри за млади. 

„Сарај“ и „Тигрици“ се државни победници во Coca-Cola Cup

Државното првенство ги даде учесниците за големото меѓународно финале кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Финалните натпревари во машка и женска конкуренција во Coca-Cola Cup 2011 ја донесоа вистинската возбуда. Сите бевме сведоци на одличен фудбал, исполнет со фер-плеј, спортски дух и голема борбеност.

Вкупно 1.179 деца се натпреваруваа во Coca-Cola Cup 2011: 969 во машка и 210 во женска конкуренција.

Особено сме горди на женската категорија, која е дел од големата кампања за промоција и развој на женскиот фудбал, што Плазма Спортските игри за млади ја реализираат во соработка со УЕФА.

Во машкото финале се сретнаа екипите на „Сарај“ и „Арсенал“. По голема неизвесност, победата ја однесе тимот на „Сарај“, кој за нијанса беше подобар од својот противник. Сите учесници на државното финале испратија порака дека Македонија има светла фудбалска иднина, а „симовците“ воодушевија со своите мајстории. Како што наближуваше финишот, така воздишките беа големи.

Пехарите и медалите на најдобрите им ги додели Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни работи и одржливост во Пивара Скопје.

Пласман – машка конкуренција:

Прво место: „Сарај“

Второ место: „Арсенал“

Трето место: „Царина во напад“

Возбудливо беше и во женската конкуренција, каде што видовме многу емоции, солзи радосници, но и на момент солзи после загубената битка за шмпионскиот пехар. Во крајно неизвесно финале, „Тигрици“ ги победија „Њу Старс“ и го освоија златниот медал.

Пехарот на победничката екипа, како и медалите и признанијата за останатите учесници, ги додели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Пласман – женска конкуренција:

Прво место: „Тигрици“

Второ место: „Њу Старс“

Трето место: „Лозово“

Плазма Спортиските игри за млади за првпат оваа година се одржуваат во нашата земја. Станува збор за едно од најголемите аматерски натпреварувања во Европа чија главна мисија е бесплатен спорт за секое дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо, заробено судство, задушени медиуми, корупција

Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, напиша Филипче.

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо, заробено судство, задушени медиуми, корупција

„Извештај на ЕК 2026: сè е полошо. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари - тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?“- напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на „X“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утре исплати за граѓаните кои немаат картички во главната филијала на „Алта банка“ во Битола

Откако експозитурите на Алта банка пред два дена ги затворија вратите за клиентите, по воведувањето на привремена администрација, од утре во главната филијала во Битола се отвораат повеќе шалтери за подигање на готовина

Од утре исплати за граѓаните кои немаат картички во главната филијала на „Алта банка“ во Битола

Откако експозитурите на Алта банка пред два дена ги затворија вратите за клиентите, по воведувањето на привремена администрација, од утре во главната филијала во Битола се отвораат повеќе шалтери за подигање на готовина за граѓаните што немаат картички. Исплатата ќе се врши според претходно утврден распоред, па така граѓаните преку СМС порака ќе добијат информација за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата..

-Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден за да се избегнат гужви и подолго чекање.За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и нема да се вршат други видови трансакции. – соопштија од НБРМ.

Максималниот износ за подигање средства од банката е 20.000 денари во период од две недели, додека за примателите на социјална помош министерот Ѓоко Велковски најави посебни правила, односно дека тие ќе можат да го подигнат целиот износ што им следува, без ограничувања.

Преку АЛТА банка, во Македонија пензија примаат околу 11.500 граѓани од кои 3.500 не поседуваат платежни картички. Дополнително, околу 5.500 лица се корисници на социјална помош и други права од социјална заштита. Најголем дел од нив, освен во Битола се концентрирани и Скопје и Струмица, каде исто така наскоро се очекува да бидат отворени шалтери.

Исплатата за клиентите на АЛТА банка овде во Македонија кои што не поседуваат платежна картичка започнува утре, но за сега само во Битола. Вакви шалтери се планирани и во Скопје и во Струмица, меѓутоа за нивните локации и за тоа кога точно тие би започнале со работа, од Народната Банка велат дека дополнително ќе ја информираат јавноста.

Во меѓувреме, тече тридневниот рок во кој српските сопственици треба да се изјаснат дали АЛТА Банка АД Белград ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Станува збор за над 95% од капиталот. Доколку сопственикот не ја спроведе постапката, тоа ќе го направи Народната банка преку Македонската берза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештај на ЕК: Нема напредок за уставни измени, корупцијата останува широко распространета

Неусвојувањето на уставните измени, загриженост за распространетоста на корупцијата но и пофалба за државава за посветеноста кон реформите и позицијата како доверлив партнер на ЕУ, се дел од клучните наоди на новиот извештај на Европската комисија.

Извештај на ЕК: Нема напредок за уставни измени, корупцијата останува широко распространета

Неусвојувањето на уставните измени, загриженост за распространетоста на корупцијата но и пофалба за државава за посветеноста кон реформите и позицијата како доверлив партнер на ЕУ, се дел од клучните наоди на новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за оваа година. Ресорната еврокомесарка Кос, во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, повторно ја повика Македонија да ги исполни превземените обврски од 2022та година.

- Македонија покажа посветеност кон реформите на ЕУ во рамките на реформската агенда, сега треба да покаже соодветни резултати за да напредува на својот пат кон пристапување. Условите се јасни: Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот од 2022 година. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува отворање на првиот кластер штом ќе се исполнат условите. Сега сè зависи од Македонија. Во меѓувреме, техничката работа околу критериумите за отворање на кластерот 1 напредуваше,- - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување.

И во годинешниот извештај на ЕК, земјава е пофалена за ндворешната политиака... Дополнително, се потсетува и на постоечките билатерални договори со соседна Грција и Бугарија, кои треба да бидат спроведени со добра волја од сите засегнати страни.

-Македонија ја задржа целокупната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската воена агресија врз Украина, со што испрати силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување кон ЕУ и се покажа како доверлив партнер.

Најголеми критики пак, има за корупцијата, која според оценката на ЕК останува распространета и нема напредок во борбата против неа, поради што Комисијата советува усвојување на нов Кривичен законик, нов Закон за кривична постапка и распределба на повеќе ресурси за Обвинителствата.

-Корупцијата останува широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, кои се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, не ги решаваат соодветно негативните последици од измените од 2023 година и придонесоа за правна несигурност. Предметите за корупција на високо ниво и понатаму се соочуваат со одложувања и често застаруваат, што придонесува за перцепцијата за неказнивост,- - извештај за Македонија.

Во состојбата со правосудството се нотира одреден напредок, со оглед на тоа што земјава ги усвоила законите за Судски совет, Советот на јавни обвинители, платите на судиите и јавните обвинители, како и за парнична постапка. Меѓутоа, се предупредува на нарушена независност поради, како што пишува, постојано мешање од страна на други гранки на власта.

-Севкупната независност и финансиската автономија на правосудството се нарушени поради постојаното мешање од страна на другите гранки на власта, како и поради драстичниот недостиг на финансиски и човечки ресурси,- - извештај за Македонија.

Во реформите на јавната администрација пак, се бележи одреден напредок, но останува да се усвојат Законите за административните службеници и вработените во јавниот сектор, а недонесувањето на новиот Изборен законик исто така е нотирано.

Како дел од овогодинешниот пакет на извештаи за сите земји-кандидатки, четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија добија конкретни патокази а Кос нагласи дека очекува Црна Гора следната година да ги финализира сите преостанати чекори и да стане 28та членка на Унијата во 2028та година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер