„Само Вистина”

„Само Вистина”, во 18:30 часот на Канал 5.

Актуелни теми, неодговорени прашања, општествени проблеми, политика, феномени и стереотипи.

Се' што не смееме да премолчиме!

Сериозни дијалози, спротивставени страни, вистински дебати и откривање на сите Вистини!

Ние ги бараме одговорите за вас.

Вечерва гости во „Само вистина“ ќе бидат Илија Димовски и Петар Арсовски.

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да избегне формирење на ЗСO

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“.

-Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини.

Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот.

Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат .

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Повеќе за инцидентот во следото издание на вестите .

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. 

Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.

притисни ентер