Почитувани гледачи, претпоследниот работен ден од оваа недела на пултот резервиран дерби на колото, за интелектуалните „тешкаши“ - аналитичарот Петар Арсовски и професорот Јован Донев.
Зошто никој не го слушна Црногорскиот Министер за надворешни работи , кој во Скопје ни кажа дека власта веднаш била информирана за влезот на Груевски на нивна територија?
Дали македонската тајна полиција делувала изминативе 15 години како раштиман оркестар? Свесни ли сме што значи НАТО за Македонија, и дали ја гледаме блиската иднина на северот од нашата земја?
Почнуваат ли да „пропејуваат“ луѓето од доверба на минатата власт? Кој ги отвори вратите а кој ќе го затвори судскиот процес за настаните од 27-ми Април?
Дали граѓаните во Македонија може да бидат нелегално снимени и за кажан збор обвинети за кривични дела?
Уште колку „истраги во тек“ ќе се влечат, а дали конечно огрешените ќе го видат лицето на правдата?
За опозицијата -политичка хајка, за власта невиден преседан, што значи бегството на Груевски за граѓаните? Дали политичките игри ја надминаа грижата за празниот стомак?
Арсовски е на став дека помирувањето нема да ја спречи испораката на правда, а професорот Донев со потсмев гледа на фактот што Македонија е единствена држава аспирант за членство во евро атлантските институции чиј премиер 2 години одеше на суд и избега.
Кој на друг јама му копа, нема да добие земјоделски субвенции. Вечерва на исто место во исто време, со различни погледи на вистината, но во „Само Вистина“ - Петар Арсовски и Јован Донев, само на Канал 5 Телевизија.