„Само Вистина“ вечерва со Љупчо Ристовски и Тодор Пендаров

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Љупчо Ристовски и Тодор Пендаров

Почитувани гледачи, големи и мали, дали метлата на премиерот ќе биде доволна за целото ѓубре или само благо ќе ја „подбутне“ прашината? И овој четврток следете го најновото издание на вашата САМО ВИСТИНА во која за актуелните случувања ги вкрстуваме ставовите на првиот човек на политичката партија „Интегра“ Љупчо Ристовски и аналитичарот Тодор Пендаров.

Кој е одговорен за „глупоста“ и упадот во ИВЗ а до кога ќе се толерира говорот на омраза на реизот Сулејман Реџепи?

Генералката уште незапочната а веќе наводно се пријавиле првите „добри волци“ –ќе има ли навистина кадровска „чистка“ или се работи за театрален предизборен популизам?

Со пролетта си цути и непотизмот, Антикорупциска ги разоткри функционерите, до кога ќе трпи системот на сметка на оние кои, како што и самиот Заев ги нарече, „се поставија повисоко од народот“?

Кандидатите за претседател во неуморна трка да ги придобијат симпатиите –дали граѓаните ќе се разбудат или ќе го продолжат „зимскиот сон“?

Можат ли Албанците да бидат „фраери“ и да апстинираат на 5-ти мај? Ќе ескалира ли нова политичка криза доколку не се постигне цензусот?

Кој кому ќе го зададе последниот удар? Не пропуштајте не и денеска во САМО ВИСТИНА со Љупчо Ристовски и Тодор Пендаров, само на Канал 5 Телевизија.

Израелската војска пронашла тела на тројца заложници- меѓу нив и останките на Шани Лук

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук, пишува Тајмс оф Израел.

Хагари вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта на армијата и Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Реим утрото на 7 октомври, каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

Уапсен е најдобриот голфер на светот, спортската јавност во шок (ВИДЕО)

Најдобриот голфер на светот Скоти Шефлер утрово е уапсен, објавија светските медиуми!

Шефлер е приведен од полицијата пред голф клубот Валхала, а се уште нема повеќе информации за причините.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се видат полицајците како го водат Шефлер до полициско возило, а потоа го одведуваат.

Украинците објавија снимка од жестоки улични борби за важен град на северот (ВИДЕО)

Украинските граничари објавија снимки од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск во североисточниот дел на земјата, во областа Харков.

Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили започнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.

Русите тврдат дека влегле во градот од два правци за да воспостават позиции, додека Украинците тврдат дека ги враќаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во предградијата на Вовчанск.

притисни ентер