Дами и господа, повеќе или помалку релаксирани од ултравиолетовите зраци, корона „политика“ или летен одмор со маски, што ќе „бистриме“ претстојното жешко лето, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Ивон Величковски и Љупчо Зиков.
Бројката на заболени од вирусот опаѓа, политичките наративи се зголемуваат, дали Европската иднина на Македонија се „топи“ во рацете на источниот сосед?
Ќе попушти ли спикерот Џафери или Уставниот суд ќе „пресече“ за работата на Собранието?
Кои се приоритетите на власта, а кои на опозицијата?
Дали изборите се пресудни за државата да се врати во нормална состојба?
Закрепнавме ли од коронавирусот па на ред доаѓа и економската борба, колу пандемијата ја чини Македонија?
Доцни ли прскањето на комарците и што научивме од нашата корона состојба, вечерва во Само Вистина со Ивон Величковски и Љупчо Зиков, само на Канал 5 Телевизија.