„Само Вистина“ вечерва со Димитар Апасиев и Алберт Муслиу

Вечерва под жешките рефлектори, два остри меча на пултот на Само Вистина, со Димитар Апасиев и Алберт Муслиу.

Почитувани гледачи, оние со добра цирклуација и оние на кои политиката им го крева крвниот притисок, ќе се создаваат ли допрва правни конфузии за македонските закони, ќе се обединиме ли пред портите на НАТО и дали Европското знаменце ќе се користи за бенефит на граѓаните, вечерва под жешките рефлектори, два остри меча на пултот на Само Вистина, со Димитар Апасиев и Алберт Муслиу.

Двојазичноста стана озаконета.. Џафери или Иванов, кој го урива уставниот поредок, а кој сака да добие политички поен плус пред избори? Можна ли е интервенција на Уставнуиот суд?

Изгласана е довербата на грчката влада, ќе помине ли така глатко и Преспанскиот договор? Кој ќе биде судниот ден за македоснката ѕвездичка да се најде на европска позадина?

За власта интеграции, за опозицијата црнила, можно ли е во јуни странски капитал да ни го оживее стопанството?

Специјален закон за амнестија или собраниска одлука за помилување,а кога вистински ќе се помириме? Паѓа ли довербата во СЈО? А кога бројчаникот ќе почне да врти?

Македонија по една година ќе добие антикорупцика комисија.. Што се договорија власта и опозицијата – да ги заштитат граѓаните од корупцијата или да се заштитат себеси од нив?

Без указ нема закон беше познатата фраза на Апасиев, ќе ја спори ли и сега озаконетата двојазичност?

За Муслиу, политиката се враќа на вистинскиот колосек, дозна ли тој кој му ги нарача камерите за кои што Нинџа тврдеше дека му ги поставил во домот?

За политичките хипотеки, вистинските реформи и националните вредности, вечерва дерби на колото и две дијаметрално спротивни во единствената Само Вистина, со Димитар Апасиев и Алберт Муслиу, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер