„Само Вистина“ со Никола Димитров и Гордана Силјановска Давкова

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Никола Димитров и Гордана Силјановска Давкова.

Димитров: Нашава генерација, македонскиот народ , сите наши граѓани не сме ништо подолу од кои било друг народ и граѓани. Луѓето се занимаваат со политиканство, но би било добро ако се занимаваат со политика, зашто политика е и водата и воздухот. Влогот е максимален помогнете ни да продолжиме да остваруваме на правиот пат на кој сме застанале.

Силјановска Давкова: Владеење на правото и силни институции а слаби поединци, тоа е она за кое ја барам довербата од граѓаните. Да престанеме ад бидеме како во арена туку да се слушаме едни со други зашто и Шопенхауер рекол, кој не го слуша другиот не го слуша ни Бог а тоа не е добро. Да создаваме правила на игра за да може државата да функционира сама од себе.

Силјановска Давкова: Кога ќе добиете близу 380 илјади гласови и кога во ИЕ 1 ќе изгубите со 7300 гласови имате обврска за оние кои гласале за вас. Крајно е време некои работи да се сменат и ќе се обидам во Парламентот да го спроведам сето она за кое сум предавала на факултет.

Димитров: Мојата мотивација се роди во времето на неказнивост и во тоа што нашата нација е во трка со времето. Или ЕУ ќе ја донесеме дома или луѓето ќе продолжат да бараат спас во некоја од земјите во ЕУ. Мислам дека за мене има уште работа и уште доста работи да се сработат.

Никола Димитров и Гордана Силјановска Давкова ги вкрстија аргументите за владеењето на правото и функционирањето на правото и правната држава. За Димитров состојбата со правдата е таква поради долгогодишната руинираност за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Силјановска Давкова рече дека не е тоа причината но, причината е што Заев се назначил за човек под чија палка ќе се реализираат реформите во судските и правосудните органи но и поради компромитацијата со СЈО. И двајцата на крајот беа единствени во тезата дека треба да се засукаат ракавите и на реалноста да и погледнат во очи.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер