Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
1Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
Живот Само три занимања ќе го „преживеат“ доаѓањето на вештачката интелигенцијаВо случај некако да сте ги пропуштиле најновите технолошки достигнувања, сèприсутноста на вештачката интелигенција предизвикува одредена доза на загриженост кај работниците.Иако иднината веројатно нема да изгледа како некој дистописки научно-фантастичен филм, за нас, обичните смртници, барем според милијардерот Бил Гејтс, работите би можеле да станат многу лоши со напредокот на вештачката интелигенција. Технолошкиот магнат, наводно, предупредил дека многу работни места едноставно ќе застарат бидејќи технологијата станува сè повеќе вкоренета во општеството. Сепак, Гејтс е прилично сигурен дека постојат три занимања кои вештачката интелигенција ќе ги остави на мира. Програмерите Иако вештачката интелигенција може да генерира код, таа е далеку од совршена во овој момент. Луѓето ќе мора да ја надгледуваат вештачката интелигенција, да ги поправаат грешките и да дизајнираат уште понапредни системи. Експертите за енергетика Гејтс исто така спомнува дека енергетскиот сектор е премногу сложен за вештачката интелигенција за реално таа да може да управува со него во оваа фаза. Нафтените, нуклеарните и обновливите извори бараат стратегија и премногу експертиза за индустријата да биде целосно автоматизирана. И понатаму ќе бидат потребни инженери, истражувачи и техничари за управување со инфраструктурата, за разбирање на предизвиците во индустријата и иновациите. Биолози Што се однесува до биолозите, иако вештачката интелигенција може да се користи како алатка во медицинската индустрија (како што веќе се користи), технологијата ја нема потребната креативност за научни откритија. Така, во меѓувреме, експертите најверојатно ќе користат вештачка интелигенција за да анализираат големи количини на податоци и да дијагностицираат болести. Гејтс признава дека може да греши и дека начинот на кој се користи оваа технологија веројатно ќе го преобликува секојдневниот живот слично како што тоа во минатото го стори Индустриската револуција и Интернетот. И, ако случајно вештачката интелигенција не стане нешто постојано, сите ќе можеме да тврдиме дека сме знаеле оти тоа нема да успее и дека била само минлив тренд.Тагови: бил гејтс вештачката интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДен на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударствоМеталите се предуслов за современите технологии, зелениот раст без пристап до суровини е неодржлив. На Македонија ѝ е потребно рударство како предуслов за остварување на зелената транзиција, истакна научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец на настанот посветен на Денот на рударите. Дединец нагласи дека во земјава прашањето не треба да биде „за или против рударството“, туку „какво рударство сакаме“, а ваквиот пристап отвора простор за развој на проекти со современи технологии и високи еколошки стандарди, при што економските придобивки од минералните ресурси би се комбинирале со одговорност кон животната средина. Во тој контекст, тој смета дека „Иловица-Штука“ може да биде еден од проектите преку кои „ќе се тестира примената на принципите на одржливото рударство во Македонија“. „Имаме што да понудиме.. Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот,среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број нанаметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење. Тоа е потенцијал кој не треба ниту да го преценуваме, но ниту да го игнорираме. Треба паметно да го истражиме, да знаеме со што располагаме и да знаеме под кои услови треба да се користи.“- Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Кај новите инвестиции активен е проектот за ископ на критичен минерал – рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Инвеститорот го најавува проектот како најголема странска гринфилд инвестиција од над 340 милиони евра само во првите две години и би можел да ја позиционира компанијата меѓу трите најголеми извозници во земјата. „Не можеме да зборуваме за идниот економски развој без да зборуваме за енергија. Не можеме да зборуваме за иднина на енергетиката без да зборуваме за климатските промени, а се повеќе станува јасно дека не можеме да зборуваме за декарбонизација и зелена транзиција без да зборуваме за минералните суровини… За да изградиме нискојаглеродна економија ќе ни бидат потребни повеќе, а не помалку од одредени минерални суровини. Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии, мобилни телефони и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени, ископани, преработени и ставени во функција. - Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ Македонија има минерални суровини и долгогодишна рударска традиција, а зелениот раст без пристап до суровини за зелените технологии е недостижен, вели научната фела. Економското влијание на рударството не завршува на портите на рудникот. Еден рудник создава работа и за транспортни компании, градежништвото, машинската индустрија, лабораториите, инженерските и проектантските компании, локалните добавувачи и голем број мали и средни претпријатија, порача Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини. Инаку, според последните податоци, во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЛекарите апелираат да не се игнорираат евентуалните промени на кожата по летните одмориЛетото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата.Секоја промена на кожата, рана која не зараснува две до три недели, пигментација која што не постоела се шири во должина и ширина има крварење, треба да биде аларам за јавување на кожен доктор или на пластичен хирург, со апел доктор Маргарита Пенева од клиниката за пластична хирургија. Најчесто реакциите на граѓаните се по завршување на летото и летен одмор кога кожата е подоложна на сончање. Но прегледите треба да се редовни преку цела година, да се следи фамилијарната состојба доколку има појава на меланом или канцер на кожа, луѓето со светол тен и светли очи треба почесто да се прегледуваат и неколку пати во годината, објаснува доктор Пенева. „Но најдобро е да кожата редовно да се прегледува, да се прават тие превентивни прегледи во текот на којшто се откриваат кожните карциномски промени се откриваат во најрана фаза. Во таа фаза лекувањето е наједноставно за пациентот и за лекарот и прогнозата е најдобра“ вели „д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија. На клиниката за пластична хирургија во голем број случаи граѓаните доаѓаат навреме и резулатите се одлични, но има дел кои доѓаат доцна и многу често користеле одредени надри лекови што дополнително ја комплицираат состојбата, објаснува доктор Пенева. „Пациентите се почесто доаѓаат во порана фаза на кожните карциноми. Иако, го имаме и другиот крај на спектарот кога некои промени се третираат со надрилекарства или пациентот не се јавил подолго време на лекар. Од 3.18 Кога некоја промена на кожата ќе се изгори, потоа и ние да ја отстраниме таа е уништена и не можеме точно да знаеме за каква промена или кожен карцином станувало збор. И тие се тие промени што се случуваат доколку имало лекување со надрилекарство“, објаснува д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија. Летото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата, со порака доктор Пенева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter