„Само Интервју” вечерва со Сашо Тасевски

Вечерва во „Само Интервју“ гостува Сашо Тасевски

Почитувани црвени и сини! На праг ли сме да останеме вечен кандидат за членство во ЕУ, или не сме толку „луди“ да чекаме? Кој барем со мислите се сели во правна држава, земја каде се дише со полни гради, каде изборите се редовни, а политичката борба не се води со пукање бомби за противникот? Далечна ли е оваа посакувана реалност или секојдневието маестрално ни се наметна како логичен одговор на потезите на државниците? За изборите, политиката, судството, но глумата, книгите и суетите вечерва во „Само интервју“ со Гоце Михајлоски одговори бараме од актерот и борец за правичност, Сашо Тасевски.

Во пресрет на денот кога Лондон и Брисел ќе стават крај на врската, Скопје молчешкум, помалку и срамежливо, се надева на нови позитивни расплети. Во кого бара виновник Македонецот и како ќе суди на 12 април? Дали е доволно задоволен барем со НАТО, една од двете стратешки цели.

Остануваат ли функционерите од Скопје и Софија на „љубави“, откако Бугарите категорично ни го отфрлија јазикот. Дали бугарскиот амбасадор во земјава ни ја запечати судбината и потврди дека напредок кон ЕУ ќе има само со корекција на историјата и јазикот.

Но, остануваат ли во втор план интеграциите за обичниот граѓанин, кој само се обидува што подолго да ја испружи чергата. Некому успева, иако зачестува по обвинителствата. Истрагата за Рекет не се шири, но се одврзува клопчето на Меѓународниот сојуз, ќе испливаат ли нови детали, нови астрономски суми кеш и ќе се дознае ли има ли замешателство на веќе подзаборавените Кики и Фрики.

За вечните очекувања надежта последна умира, но кој ќе ја преземе вината или во огледалото се појавува одразот на власта. Дали СДСМ ќе може да очекува поддршка од неопределените? И веруваат ли разочараните шарени револуционери на власта дека опозицијата е виновна за се и ги кочи во работата. Плативме ли превисока цена со Договорите за она што за возврат го очекувавме, како да се биде успешен политичар а воедно да се остане принципиелен, дали спектаклот „Северно од Македонија“ на Сашо Тасевски ја прикажува болната слика на општеството, дебатираме во вечерашното „Само интервју“.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер