АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
1АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
Веб ТВ„Само Интервју“ со Зоран Доревски - 08.10.2026 - 1 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook