Македонија„Само Интервју” со Владо БучковскиВо вечерашното „Само Интервју” гостуваше Владо Бучковски.Доскорешниот специјален претсавник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 изјави дека очекува до крајот на оваа година решение на спорот со Бугарија.. Според Бучковски, за Гоце Делчев нема да има отстапки. Владо Бучковски изјави дека при крајот на 2020 година сме биле близу до решавање на проблемот. – Мислам дека бевме многу блиску пред Новата година 2021. Мислам дека бевме блиски со ставовите на либералниот дел од бугарската Влада. И тогаш беа на маса петте точки. Мислам дека имаше сериозно приближување. Акцентот падна на точки коишто можат да се решат, изјави Бучковски. Бучковски рече дека ќе продолжи да работи на каузата и ќе се труди да дојде до зближување на двата народа и надминување на сите проблеми. Погледнете го најновото издание на „Само Интервју” Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачкаЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол во организмот и без возачка дозвола, возилото е одземено.На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје. При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик. Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патиштаТагови: Алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендериЕвропа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените.А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода. Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. Големите дата центри трошат огромни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на бројот на нови работни места и даночните приходи може да биде ограничен. Еден голем дата центар може да троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно – количина споредлива со дневната потрошувачка на град со 15.000 до 30.000 жители. Владата на Мицкоски не успева да обезбеди доволно чиста вода за пиење за граѓаните, а сега сака огромни количини вода да стави под ризицик за комерцијални дата центри. Огромна потрошувачка на вода носи ризик од притисок врз водоснабдувањето, а огромната потрошувачка на електрична енергија отвора ризик од дополнителен увоз и повисоки цени. Колку дополнителна струја ќе биде потребна за планираните дата центри и колку од неа ќе мора да се увезува? И уште поважно – кој на крајот ќе ја плати таа струја? Повторно граѓаните преку повисоки сметки. Нема одговор ниту на прашањето од каде ќе доаѓа водата за дата центрите. Колкава ќе биде потрошувачката? Дали ќе има испуштање затоплена вода назад во реките и какви последици тоа може да има врз биодиверзитетот и животната средина? Водата и струјата не смеат да станат скапа авантура од која ќе профитираат блиските до Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а цената ќе ја плаќаат граѓаните. СДСМ е против ставање на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта. Затоа бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи за ладење со испарување на вода. Водата и струјата се стратешки ресурси на граѓаните, а не нов извор за тендерски профити на ВМРО-ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
СветСе урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)Четири лица загинаа вчера во хеликоптерска несреќа во Рио де Жанеиро за време на 20-минутен панорамски лет во Националниот парк Тижука, објавија бразилските медиуми.Пилотот и тројца колумбиски туристи загинаа, објави порталот „G1“. Um helicóptero caiu na Vista Chinesa, no Rio de Janeiro, neste sábado (08), deixando o piloto e 3 passageiros mortos, o modelo Robson 44 foi encontrado em mata de difícil acesso e causou fogo na região, equipes de combate ao fogo foram mobilizadas.#Brasil #Brazil pic.twitter.com/QKqfhnamsO — Hugo Borges (@hbj_r77032) August 8, 2026 Хеликоптерот се урна во тешко пристапна пошумена област. VÍDEO: Queda de helicóptero deixa quatro mortos no Rio de Janeiro https://t.co/lKa57Q7vJ0 — oliberal.com (@oliberal) August 8, 2026 Пожарникарите мораа да користат техники за пристап со јаже за да стигнат до местото на несреќата и да го изгаснат пожарот што избувна откако хеликоптерот се урна и ја зафати вегетацијата.Тагови: Бразил хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15