„Само Интервју“ со Панче Тошковски - Канал 5

„Само Интервју“ со Панче Тошковски

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Само Интервју“ со Панче Тошковски

За неполна година ја преживеа и втората Интерпелација. Селективна правда или бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот - по што ќе биде запаметена истрагата за трагедијата во Кочани? Дали меѓу 70 осомничени се сите одговорни или од шумата нема да ги видиме дрвјата?

Системот убива - но што и кога ќе се промени? Можеше ли да се спречи и како да не се повтори никогаш повеќе?

Полициските акции зачестија, засилените собраќајни контроли продолжија, но кога законот ќе почне да важи за сите поддеднакво? До каде е сејф сити - и дали тој е лекот?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју, гостува Панче Тошковски, веднаш по вестите.

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Неделава премиерот христијан мицкоски ќе го покани претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари на уште една средба.

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Најверојатно последна на двајцата во својство на премиер и министер. Мицкоски вчера изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Потпресдателот на ДУИ Бујар Османи рече дека одлуката на Таравари е израз на храброст бидејќи владата е моноетничка.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско потекло.

Лидерот на Хамас, Калил ал-Хаја изјави дека изминатите денови е во контакт со американската администрација. Тој наведе дека Хамас е подготвен „веднаш да почне интензивни преговори“ за постигнување долгорочен прекин на огнот, размена на палестински затвореници за заложниците од Газа и предавање на власта во Појасот Газа на независен тим технократи.

Најавата на Хамас за ослободување на Александар е воочи посетата на американскиот претседател на Блиски Исток. /МИА

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос.

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од петти мај до 11 мај 2025 година со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер