Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)
1Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
Магазин Салма Хајек има 60 години, а ова се тајните на нејзиниот изгледСалма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, но и понатаму привлекува големо внимание со својот изглед и енергија.Салма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, но и понатаму привлекува големо внимание со својот изглед и енергија. Таа стекна холивудска слава во деведесеттите години на минатиот век со улогите во филмовите „Догма“ и „Од самрак до зори“, а минатата година се појави на насловната страница на специјалното издание на „Спортс илустрејтид“ посветено на костими за капење. Актерката со години отворено зборува за тоа како се грижи за себе, што јаде и на кој начин е активна. Притоа, истакнува дека не сака строги диети или напорни тренинзи, туку повеќе се потпира на рутини што може да ги вклопи во секојдневниот живот. Не користи ботокс или филери Хајек тврди дека не користи ботокс или филери и дека избегнува инвазивни козметички процедури. Сепак, таа призна дека користи модерни третмани како што се радиофреквенција и микроструја, за кои вели дека ѝ помагаат на кожата да остане цврста и да ги намали брчките. Меѓу нејзините омилени состојки за нега на кожата, таа особено го истакнува Tepezcohuite, екстракт од кора од дрво што традиционално се користи во Мексико за изгореници. Таа тврди дека е исклучително добар во регенерирањето на кожата. Не сака напорни тренинзи Салма постојано признава дека не сака да станува рано и напорно да вежба. „Немам време за вежбање, работам. Порано работев и по 20 часа дневно“, изјави таа своевремено за People. Наместо класичен тренинг, таа посветува големо внимание на држењето на телото. Еднаш таа раскажа дека во Лондон работи со жена која ја научила како да ги активира мускулите за време на секојдневните активности. „Дури и додека ги миете забите, вашите мускули можат да бидат активни“, објасни таа. Важен дел од нејзината рутина е реставративната јога, која е повеќе базирана на контрола на движењето, правилно држење на телото и релаксација отколку на напорни вежби. „Таа ме научи како да ги тонирам мускулите без да ги напнувам. Да ги релаксирам и да се фокусирам на деловите од телото што сакам да ги активирам, но без напнатост. Кога сте свесни за своето тело, ќе бидете изненадени колку тоа може да помогне“, рече таа. Таа повремено користи и лента за трчање, но признава дека претпочита да танцува на неа отколку да трча. Масажите исто така играат голема улога во нејзината рутина. „Имам масерка, но таа живее во Јапонија“, изјави таа порано. „Доаѓа во Лондон повремено, но кога ќе дојде, таа е моето тајно оружје. Масажата ја стимулира циркулацијата, помага во снабдувањето на ткивата со кислород и ги одржува мускулите здрави. Исто така, многу значи за лицето, особено поради лимфната дренажа.“ Не сака да држи диети или да следи строги правила Кога станува збор за исхраната, Хајек вели дека не сака да се ограничува. „Не сакам да држам диети и не сум добра во тоа“, признава таа. Денот често го започнува со појадок кој е комбинација на овошје, зеленчук и јогурт. Нејзиното смути содржи папаја, боровинки, манго, јагоди, семки од калинка, целер, црвена пиперка, краставица и путер од бадеми и кокос. Таа признава дека комбинацијата можеби не звучи привлечно, но тврди дека е многу вкусна. За „Харперс Базар“ Хајек изјави дека во Мексико јадат штурци, јајца од мравки и црви, и дека и таа сака да ги јаде. „Ќе ги испржите. Сè што е пржено има добар кус, но овие навистина се вкусни. Инсектите се неверојатни“, изјави таа. Кога ќе почувствува дека сака да ги промени своите навики во исхраната, повремено пие сокови. Хајек исто така е ко-основач на брендот Cooler Cleanse, кој нуди програми за исхрана базирана на сокови. Таа објаснува дека кога е под стрес, често посегнува по храна и дека таквата пауза ѝ помага да го врати фокусот на поздравите навики. „За мене, тоа е како медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да размислам што внесувам во моето тело. Го доживувам како еден вид ресетирање“, изјави таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо.Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо, објави шпанската ABC, повикувајќи се на извори во раководството на Народната партија. Бањез беше министерка од 2011 до 2018 година во владата на Маријано Рахој, а по напуштањето на политиката ја презеде функцијата претседател на Фондацијата CEOE, поврзана со шпанското здружение на работодавачи. Родена е во 1967 година во Хуелва и беше пратеничка на Народната партија во шпанскиот парламент многу години. ⚫⚫ #ÚLTIMAHORA | Muere en el accidente de tren Fátima Báñez, la ministra que transformó el panorama laboral Báñez viajaba en el último vagón del tren iryo 6076 que ha sido arrollado por un convoy AVE de Renfe con destino a Sevilla https://t.co/uA9VGYWeHC — El Debate (@eldebate_com) October 28, 2026 Градскиот совет на Севиља прогласи тридневна жалост Градоначалникот на Севиља, Хозе Луис Санц, исто така, го посети центарот за поддршка поставен на железничката станица Санта Хуста за да им помогне на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Урда (Толедо). Градоначалникот им понуди на семејствата сите расположиви општински ресурси „за сè што им е потребно“, вклучувајќи психолошка поддршка, сместување, транспорт и други услуги. Градоначалникот прогласи тридневна жалост за жртвите и го суспендираше својот официјален распоред. Санц објасни дека членовите на најблиското семејство отишле на местото на несреќата, а некои ги зедоа своите најблиски. Минут молк објавен низ цела Шпанија во 20 часот. Шпанската федерација на општини и покраини (FEMP) повика на минута молк во 20 часот оваа среда на влезовите на сите шпански градски собранија во спомен на жртвите од несреќата со брзиот воз во Урда (Толедо). Во соопштение објавено на социјалните мрежи, FEMP објасни дека повикува на молк „во спомен на жртвите од железничката несреќа“ што се случи утрово во Урда, каде што се судрија два воза. View this post on Instagram A post shared by Radio Red PTY | Noticias en Vivo (@radioredpty) Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија нагло се зголеми: Постојат стравувања дека има повеќе жртви Според најновите податоци, најмалку 64 лица загинаа во железничката несреќа што се случи во среда наутро во близина на станицата Урда, во покраината Толедо, според извори од регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Нејзиниот претседател, Емилијано Гарсија-Паж, стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Повредени се и 80 лица, од кои 50 се сериозно повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во АнталијаЈавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”. Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата. “Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги. “Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески. На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.Тагови: Савески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter