Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
Живот Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.Да промените нешто не е лесно, но е неопходно. Ако подолго време чувствувате дека е време за нов почеток – во која било сфера од вашиот живот – следете ги овие совети...Колку пати во животот сте посакале да „почнете од почеток“? Да промените нешто, да живеете поинаку, да работите друга, подобро платена работа, да ја најдете сродната душа или да живеете на друго место? Психолозите нудат совети како да успеете во оваа замисла и одново да почнете нов живот: 1. Не врзувајте се за одредени датуми Луѓето често планираат да почнат одново во понеделник, на први во месецот или по Нова година... Постојано го чекаме „идеалниот момент“. Но, тоа е само одложување кое е последица на стравот од промени. Искоренете го тој страв – ако навистина сте решени да се промените, нека се случи тоа овде и сега! 2. Одредете приоритети Плановите на оние што сакаат да го променат својот живот често се огромни: нова работа, нов град, целосна промена на изгледот, брак или развод... Наместо преамбициозни планови, одлучете што најмногу ви треба и зошто. Поставете реални цели за патем да не се уморите и да се откажете. 3. Осмислете мали чекори Откако долгорочните цели ќе ви станат јасни, направете временски распоред. Не обидувајте се да реализирате петгодишен план за шест месеци. Планирајте ги задачите за претстојниот месец и реално проценете ги своите можности. На пример, ако сте одлучиле да ослабете, воведувајте промени во исхраната постепено, наместо да преземате драстични потези. Тоа го олеснува процесот кој нема да го доживеете како откажување или страдање. 4. Почнете со надворешни промени Многу е полесно да поверувате дека навистина започнал нов живот кога постојат видливи докази за тоа. Почнете со надворешни промени – освежете го стилот, сменете ја фризурата или преуредете го домот. Докажано е дека промената на околината или облеката влијае и на начинот на размислување – се однесуваме поинаку, размислуваме поинаку... На пример, деловниот костим влева чувство на дисциплина; нè прави да се чувствуваме добро и самоуверено... 5. Најдете си “контролор“ Доверете му го проектот за промена на животот некому кому му верувате – на пример, на најдобриот пријател – и замолете го да го следи вашиот напредок. Ако планот успее, тој ќе ве награди; ако одолговлекувате, ќе ве казни. Ова ќе послужи како одлична мотивација да истраете во намерата. 6. Ветете дека ќе постигнете нешто пред сведоци Ветете им нешто или обложете се со колегите или пријателите дека ќе постигнете одредена цел до одреден датум. Можеби ќе бидат скептични во однос на вашите шанси, но ќе ви ја дадат можноста. Тогаш напорно ќе работите на себе за да им докажете дека можете да успеете!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуираниПатниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка. Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително. „Инцидентот е завршен“ Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“. „Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел. Извор: Индекс.хрТагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаСДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во СофијаНародот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата. Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група. Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност. СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново МаалоОпштина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите. „Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook