72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко
272 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко
Забава„Сакам да имам твои деца” - непристоен предлог за Таско!Во „G Carpet” откривме каков тип на девојки сака Таско и како неговата популарност влијае врз него.Минатата сабота (31.07.2021) гостин во нашата емисија „G Carpet” беше нашиот познат рапер, Христијан Тасковски или попознат како Таско. Таско е македонски изведувач на хип – хоп музика и текстописец. Тој започнал да се занимава со музика во 2011 година. кога ја снимил својата прва песна, набргу потоа се запознава со „Tracker” и започнува соработка со „Urban Records”. „Пред да направиме бум со „Моет” јас работев во МВР и сакав да бидам припадник на специјалната единица ама се случи некој склоп на околности и не успеав да влезам во единицата. Тука беше крајот на мојата работа таму. Од „Моет” започнува целата приказна со „Urban Records”, Таско и „Два бона”, која се’ уште трае. Музиката ми е пасија и хоби, и работа, се’ во едно.” „Каква публика имаш повеќе, машка или женска” „Инстаграмот вели дека е 50:50. Во мојата кариера имам добиено многу непристојни предлози. Јас многу ги почитувам жените, во секој поглед, според мене тие се многу помоќни од мажите. Еден од таквите предлози беше на пример: „Сакам да имам твои деца”. Не знам дали тука спаѓаат посвоени деца или треба да ги направам? Важно е дека сака да има мои деца не е важен начинот.” „Кога спортувам си пуштам „Два бона” и „Пајак” знам да го пуштам, мојата музика во ваквите моменти не ја слушам. Доволно ја слушам додека ја правам, па ја преслушувам, па после тоа на снимање на спот ја преслушувам уште едно 300 пати, па на настапи ја слушам, и мислам дека е доволно. Јас во слободно време знам да си пустам рок, хеви метал, транс и т.н. Јас сум многу голем конзумент на музика, сакам различни жанрови на музика и давам шанса на секоја песна. Си имам една специјална „Play” листа за во теретана.” За својата популарност во Србија и песните на Српски јазик, Таско вели дека тоа е исто како уметник кој цел живот цртал со темперни бои, да започне да црта со мрсни бои, и тоа на луѓето да им пречи. „Уметноста и музиката не треба да имаат јазични бариери и да има граници. Музиката не треба никако да се ограничи поради јазиците.” „Во слободно време спортувам многу. Знаев да играм игри но избришав се’. Знам да седнам со другаите да се забавуваме, одам во теретана и тоа е. А за девојките има посебно место.” „Од македонските јавни личности, најголем печат во детството ми има оставено Тони Зен. Беше многу голем „мангуп” на времето, висок, тетовиран, секогаш добро дотеран, добра музика, добри манири, добра публика. Како дете му се восхитував и сакав да бидам како него. Мене не ме послужи баш висината ама другото е добро. Многу би сакал да направам дует со него еден ден. Но, сега некако ни се разидуваат жанровите. Но, јас се надевам дека во некоја блиска иднина ќе успееме да направиме дует. Склаткар исто така ми има оставено печат на детството. Ги знам сите негови песни.” За заедничкиот хит со Слаткар, песната „Марадона”, Таско вели дека делот од текстот кој го пее Слаткар, тој сам си го напипал, а делот кој го пее Таско, Таско си го напишал. А сите текстови од неговите песни тој сам си ги пишувал. „Дел од моите нови песни не се веќе толку дрски. Стилот го менувам поради тоа што созреав. Некао сега ме фати летната еуфорија на оној латино стел, се’ е позитвно, среќно, реге тонот е одличен. Ние кога созреваме како артисти треба и музиката да ни созрева.” „Кој е твој тип на девојка?” „Паметна, самостојна и педантна. Кога ќе запознаеш девојка во диско можеш веднаш по втората реченица да сфатиш дали е паметна или не. Јас секогаш прв им приоѓам на девојките, машко сум и машкото треба да го направи првиот чекор.” За фолк музиката вели дека е наша, изворна и секако дека ја слуша. „Ние сме првите македонци кои имаат снимано во просториите на „IDJ Videos”, тоа може да е една од причините за големата популарност. Како и концертот во Охрид со Раста. Мојата песна за лична карта е „Моет” а во моментов најпопуларна е „Неваљала”.” „Во твоите спотови има скапи автомобили, скапи мотори, часовници и т.н. Дали родителите ви замеруваат, на вас раперите, за всадување на погрешни вредности кај децата и вртење кон материјалната страна во животот?” „Па тоа не е неморал и погрешна вредност. Зошто да не возат скапи коли? Се’ што треба да направат е да работат за тоа. Мене тоа ми е мотив а не демотив. Ако се фокусираат да ги остварат своите соништа тогаш има начин да го направат тоа.” Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Против пожарната единица Кавадарци уште еднаш покажа како се работи пожртвувано и тимскиСо 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен, објави на Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Голем пожар избувна во атарот на кавадаречкото село Раец, каде што доцна синоќа огнот бил активен на пет различни локации. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оцени дека состојбата е исклучително сериозна и соопшти дека пожарникарите и другите надлежни служби вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот. -Teritorijalna Protiv Pozarna Edinica-Kavadarci уште еднаш покажаа како се работи пожртвувано и тимски. На терен и во постојана координација со пожарникарите беше и градоначалникот Митко Јанчев, до раните утрински часови, се додека огнот не се локализира. Со 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен. Пожарникарите презедоа огромен ризик, работејќи без престан во многу тешки услови за да ги стават под контрола петте подметнати пожари. Нивната пожртвуваност, професионалност и несебична борба заслужуваат најголема почит. Голема благодарност и до Васко механичарот од Дреново, кој одлично го познава теренот и цела ноќ беше рамо до рамо со пожарникарите, помагајќи им во оваа исклучително тешка акција. Вака се сака Македонија, со дела, со храброст и со пожртвуваност. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителот или сторителите кои стојат зад подметнувањето на пожарите, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од МарокоНајмалку 72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија шпанските власти. Мароканските власти тврдат дека се помалку жртви 11. Повеќето од околу 60.000 луѓе кои набрзина влегоа во северноафриканската територија на Шпанија, повеќето со пливање, се вратија во Мароко по најголемиот масовен премин на мигранти на територијата. „ Најголемиот наплив на мигранти во енклавата предизвика меѓународна криза за Шпанија, бидејќи некои од нејзините европски партнери го критикуваа Мадрид за неговата имиграциска политика. Шпанија ги обвини криминалните банди за ширење гласини дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на Шпанија за имиграцијата ќе им овозможи на мигрантите полесен премин. Некои аналитичари сугерираат дека Мароко можеби им дозволил на мигрантите да ја преминат границата за да изврши дипломатски притисок врз Шпанија, која неодамна ги подобри односите со соседниот Алжир, најголемиот непријател на Рабат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16. Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook