САД се заканува дека „ќе крене раце“ од Украина: Обид за притисок или нова неизвесна фаза? - Канал 5

САД се заканува дека „ќе крене раце“ од Украина: Обид за притисок или нова неизвесна фаза?

Обид за притисок врз Украина и Русија или нова неизвесна фаза на војната?

 САД се заканува дека „ќе крене раце“ од Украина: Обид за притисок или нова неизвесна фаза?

Професорот Методи Хаџи Јанев за Канал 5 вели дека најавите на Трамп за прекин на мировните преговори доколку следните денови нема конкретен напредок се реални.

-Јас мислам дека е извесно тоа да се случи и дека ќе го прекинат тоа, дека ќе ги прекинат преговорите, но не гледам што ќе значи тоа за преговорите и за мирот. Во исто време тоа може да биде и сериозен да кажам бумеранг во однос на целата таа политика коишто они ја водеа. Тоа да го искористи опозицијата во САД како класичен крах на неуспех бидејќи веќе се доведени под знак прашање ефектот од тарифите коишто ги воведуваат, ова би било втор удар.Го има истиот проблем со Иран, го има проблемот сега со Кина нерешен, ќе го има проблемот сега и со Русија ако се повлечат од овие преговори и автоматски тоа би можело да значи сериозен крах на целата таа кампања,-- проф. Методи Хаџи Јанев.

Доколку САД, како најмноќна светска сила, се повлечат од обидите за мир, извесно е дека војната ќе продолжи без нејзиниот крај воопшто да биде на повидок... Хаџи Јанев смета дека двете страни се силно убедени во нивната доминација на бојното поле, што за светот не е добра вест.

-На бојното поле мислам дека нема да се смени ништо посебно, освен ако САД не реши да заземе целосна страна и физички да влезе во конфликтот што значи трета светска војна, бидејќи во тој случај одиме на сценариото коешто претходно го заговараше претходната администрација.На меѓународен план тоа би значело Русија да излезе надвор од границите на Украина или со ова да се доведе до некоја ситуација во која таа ќе биде поразена. Секое такво чувство за Путин во моментот ќе значи пораз, а тој пораз ќе значи егзистенцијално чувство во коешто тие ќе се повикаат на нивната нуклеарна доктрина и тука веќе е многу опасно да зборувате понатаму,-- проф. Методи Хаџи Јанев.

Според информациите во светските медиуми, мировниот план на САД е да го признаат Крим за руска територија, а прекинот на огнот да биде долж моменталната линија на фронтот. Тој им бил претставен на европските и украинските претставници на состанокот во Париз во четвртокот, а разговорите би требало да продолжат следната недела во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер