Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
1Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
Живот РСБСП : Биди позитивен пример! За сообраќај без жртвиБиди одговорен учесник во сообраќајот! Почитувај ги правилата и прописите и биди позитивен пример за другите учесници во сообраќајот!Безбедноста на сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. Според податоците на Светската здравствена организација: • Годишно во светот, во сообраќајни незгоди, животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2% од глобалната смртност. • Од 20 до 50 милиони лица, годишно, се повредени во сообраќајни незгоди. • Секојдневно, околу 140.000 лица се повредени на патиштата ширум светот. • Над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди. • Околу 15.000 лица дневно, се здобиваат со траен инвалидитет исто така како последица од сообраќајни незгоди. • Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди. • 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди. • Сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај лицата на возраст од 20 до 24 години и прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години. Секој загубен човечки живот, во сообраќајна незгода, претставува ненадоместлива загуба, не само за семејството, туку и за општеството. Да не дозволиме сообраќајот, од нужна потреба, да се претвори во нужно зло на современото живеење. За намалување на црната статистика, за помалку настрадани лица на патиштата, за повисока свест, за одговорни возачи, за сообраќај без жртви - важно е однесувањето на секој учесник во сообраќајот. Сите ние поединечно го сочинуваме сообраќајниот систем во кој на површина излегуваат голем број на неодговорни учесници. Затоа, за безбеден сообраќај, за помалку жртви на патиштата, потребно е да ги промениме навиките и културата во сообраќајот, почнувајќи секој од себе. РСБСП го повикува секој учесник во сообраќајот да го даде својот личен придонес за сообраќај без жртви, а воедно апелира - биди одговорен учесник во сообраќајот: • Намали ја брзината! • Не вози под дејство на алкохол! • Почитувај ја поставената сообраќајна сигнализација! • Почитувај ги сообраќајните правила и прописи! • Користи безбедносен појас и заштитен шлем! • Вози технички исправно возило! • Остави го мобилниот телефон кога возиш! • Почитувај ги пешаците, велосипедистите и лицата со ограничени можности! • Внимавај каде паркираш! • Користи детско седиште! • Не вози кога си изморен и деконцентриран! • Не поминувај ја улицата надвор од пешачкиот премин! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter