Здравје„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за женитеПовеќе превенција, подобар скрининг и редовни прегледи и редовна терапија– ова е пораката од третиот „Розов пикник појадок“ во скопскиот Градски парк. Здружението „Хема Онко“ потсетува дека раното откривање на ракот на дојка може да спаси живот. ,, Денес ова што го правиме ја обединува цела Македонија.Се трудевме оваа година да ја направиме како прослава на животот,,- Хема Онко- организатори Најсилните пораки, сепак, дојдоа од жените кои веќе ја поминале борбата со ракот на дојка. Тие зборуваа за стравот, неизвесноста и тешките моменти низ кои минувале, но и за поддршката и истрајноста што им помогнале да продолжат. ,,Да ја пренесуваме пораката дека за ваквите болести за Карциномот не смееме да ќутиме, значи ова не е нешто коешто треба да се сокрие како бункер со пари во ѕид.За ова треба активно зборување,масовно зборување,масивни прегледи затоа што само со поддршка ние се менуваме позитивно и остатокот од животот го поминуваме како маратонки со искуство,, - Тереза Балаловска ,, Јас како онколошки пациент веќе 5 години со тоа што веќе имав и повторување на болеста би рекла секогаш бидете позитивни, сакајте се самите себе колку тоа и да делува е егоистички не е така затоашто кога ќе сфатиме со која борба се бориме сфаќаме дека животот е на прво место, среќата и здравјето,,- Наташа Бабулова ,,За мене барем секогаш имало терапија на време и би им препорачала на останатите пациенти да не се затвараат во четири ѕида, туку да споделуваат искуства, да бараат поддршка од сите нас затоашто многу не има би им препорачала на сите девојки да прават самопрегледи барем еднаш месечно кога се тушираат затоашто самото тело дава знаци,,- Марина Камберска Но, за рано откривање не се доволни само индивидуалните прегледи. Министерот за здравство Сашо Клековски како клучен проблем го посочува недостигот на организиран скрининг за рак на дојка. ,,Во моментов главен проблем ни е скринингот за рак на дојка.Таа спрема Ревизијата што се направи од Државниот Завод за ревизија можам да кажам дека е неуспешна и дека мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу брзо со Хема-Онко ќе најдеме јазик да промовираме нешто ново за скрининг програмата. Во однос на терапијата за рак на дојка ние префрливме два лека на позитивна листа за да можат пациентите што се на хронична терапија да го земаат во аптека, за да не мора да доаѓаат на Клиниката за Онкологија,, – Сашо Клековски министер за здравство Според последните меѓународно споредливи податоци, годишно се регистрираат околу илјада нови случаи во земјава, а официјалните здравствени податоци и натаму укажуваат дека болеста е водечка причина за смрт од малигни заболувања кај жените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter