Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
1Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Шоу биз„Ролинг стоунс“ преку оглас во лондоснки весник го најавија својот нов 31. албум„Ролинг стоунс“ го најавија новиот албум на прилично необичен начин - со оглас во печатот. Сегашните членови, сега во нивните 70-ти и 80-ти години од животот, го избраа лондонскиот весник „Хакни газет“ за подробностите за новиот албум. Површно, рекламата може да изгледа како обично известување за нова продавница. „Хакни дајмондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, вели известувањето на страница 3 од весникот. Под тој текст, следи описот со многу клучни зборови. „Нашиот тим ви ветува задоволство („satisfaction“). Кога ќе речете - дајте ми засолниште („Gimme Shelter“), ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, стои во објавата, меѓу другото. „Загатката“ со зборови од познатите песни на „Ролинг стоунс“ вели дека ова е всушност најава за нивниот 31. студиски албум. А пак, на телефонскиот број наведен во огласот, се слуша гласовна порака: „Добредојдовте во ’Хакни дајмондс’, специјалисти за поправка на стакло. Не се лутете, дајте го на поправка“, вели машки глас со препознатливот англиски „Кокни“ нагласок. Така, претпоставките говорат оти „Хакни дајмондс“ („Hackney Diamonds“) е всушност насловот на новиот албум. Ова би бил прв ваков материјал на рок-составот по речиси 20 години - последниот беше „A Bigger Bang“ од 2005 година. Новиот албум ќе биде и првиот без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракетиКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски балистички ракетен напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина пред два дена постигнале договор за прекин на огнот во енергетскиот сектор.Утринава властите во Киев ги повикаа жителите да останат во засолништата откако прогласија црвена тревога поради „ракетна закана“. По нападите во вторникот, Зеленски изјави дека „Украина го поддржа прекинот на огнот на енергетиките објекти . Русија е насочена кон уште една електрана и кон животите на нашите луѓе.“„Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина дури и не добива рани предупредувања за лансирање балистички ракети“, додаде тој„ова е втора ноќ по ред Киев да биде погоден од руски ракети, а тоа се случува во време кога Зеленски се подготвува да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам на Даунинг стрит денеска , за да разговараат за забрзување на испораките на воздушна одбрана за Киев. По нападите во понеделникот се шпекулираше дека Америка го прекинала пристапот до клучните разузнавачки информации што ѝ овозможуваат на Украина да ги следи дојдовните закани. Трамп негираше дека тоа е случај.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што одбраната треба да презентира докази во рамки на судската постапка.Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби пречекан со овации во Чаир!Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби. Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter