3Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
Живот„Роден сум како дете на воено силување, мајка ми ме остави во болница, ме посвои домар. Ми велеа дека сум четничко копиле најдено покрај контејнер“Ален Мухиќ (32) од Горажде, Босна и Херцеговина, е роден во 1993 година како несакано дете. За време на војната, српски војник ја силувал неговата мајка, Бошњачка.Таа го оставила во болница веднаш по раѓањето. Наскоро, Ален ја објави потресната автобиографска книга „Јас сум Ален“, во која искрено сведочи за својот тежок, но достоинствен животен пат. „Роден сум како дете на воено силување. Мајка ми ме остави во болница. Ме хранеле со трошки од бисквити. Ме посвои домар. Преживеав етикета како 'четничко копиле'. Снимен е филм за мене. Ја најдов мајка ми. И татко ми. Станав татко. Добијам награда за човекови права,“ раскажува Ален Мухиќ. Денес, тој е гласот на децата родени од воени трауми – оние кои општеството често не ги гледа, не ги признава и ги заборава. Биолошката мајка на Ален во почетокот се обидела да ја прекине бременоста, но поради поодминатата состојба, тоа не било возможно. Подоцна изјавила дека имала порив да го задуши детето. По породувањето, го оставила во болница, каде домарот се смилувал на него. Почнал секојдневно да го носи дома кај сопругата и ќерките, и на крајот го посвоил. Така, Ален израснал во муслиманска енклава, во сиромаштија и без основна инфраструктура, но со љубов и прифаќање во посвоителското семејство. Неговата приказна за првпат стана позната кога имал три години, преку напис во американскиот „Њусвик“, во кој новинарката Стејси Саливан пишувала за деца родени по силувања за време на војната во БиХ. Таа ја пронашла и неговата биолошка мајка, која изјавила дека не чувствува ништо ниту кон детето, ниту кон силувачот, кој „неповратно ја уништил“. Детството на Ален било тешко – не само поради сиромаштијата, туку и поради силната стигма. Бил навредуван, нарекуван „четничко копиле“, секојдневно се соочувал со отфрлање и предрасуди. Но, израснал опкружен со искрена љубов од семејството кое го посвоило. Вистината за неговото потекло ја дознал како дете, кога другар во школа му добацил во гнев: „Ти си четничко копиле најдено покрај контејнер.“ „Тогаш се отвори Пандорината кутија,“ вели тој. Вистината ја дознал на осум или деветгодишна возраст – приближно на возраст колку што денес има неговиот најстар син. Таа реченица го погодила, но и го натерала да тргне по своите корени. Во интервју за „Klix.ba“, Ален раскажа дека првите месеци го хранеле болничарите, а неговиот иден татко работел како домар во воената болница. Иако живеел без основни услови – без вода и греење – домарот и неговото семејство решиле да му понудат дом на дете родено од брутален чин на насилство. Неговите посвоени сестри уште од почеток го сметале за вистински брат, а Ален вели дека денес тој е „нивно огледало“. Како возрасен, Ален одлучил да го пронајде и својот биолошки татко – воен злосторник кој ја силувал неговата мајка. Тој средба била тешка. Татко му му ги отворил вратата, негирал дека ја познава неговата мајка и тврдел дека сè е „политичка приказна од БиХ“. Ален тогаш, гледајќи го во очи, рекол дека не му треба ДНК тест – „очите не лажат“. „За мене тој е воен злосторник и така ќе биде засекогаш. Во моментот кога го видов, сфатив дека не можам да ја сменам минатото, но можам да ја обликувам својата иднина,“ вели тој. И покрај сè што поминал, Ален никогаш не ја обвинил својата мајка: „Таа не е виновна. Вистинскиот злосторник е мојот татко. Тој мора да одговара за тоа што го направил.“ Ален Мухиќ денес е татко, борец за човекови права и симбол на победата на животот над насилството, омразата и неправдата. Неговиот глас потсетува дека децата родени од воени силувања постојат и дека заслужуваат да бидат видени, признати и почитувани, пренесува „Блиц Жена“.Тагови: Босна и Херцеговина дете Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
КултураСмеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. „Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар. Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај. Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. 29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.Тагови: Денови на комедијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter