Технологија„Роботика – иновации кои го менуваат светот“: Имаме многу талентирани млади луѓе, да ги задржиме во Македонија Промоција на иновациите, роботиката и технолошкиот развој предвидува настанот „Роботика – иновации кои го менуваат светот“ што беше отворен денеска во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025.Го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), а учествуваат претприемачи, компании, институции и млади иноватори. -Македонија, посебно младите луѓе, имаат навистина добри бизнис идеи кои секогаш ќе бидат поддржани од Владата. Ова е само почеток, вакви настани ќе има повеќе, рече заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески кој присуствуваше на отворањето. Од Електро-техничкиот факултет велат дека земјава има многу талентирани студенти, но голем дел од нив, посебно најдобрите, заминуваат во странство. -Денешниот настан покажува дека сме во чекор со светскиот тренд. Тука може да се види креативноста и потенцијалот на нашите инженери и на студентите. Тоа го имаме и отсекогаш сме го имале. Со правилни акции и инвестирања во науката, старт-апите и малите и средните претпријатија ќе овозможиме младите таленти и ентузијасти да останат во државата и тука да ја градат својата иднина. Кај младите има голем интерес за техничките науки, наше е да ги задржиме тука и да го исползуваме тој интерес. За жал, заминуваат во голем, загрижувачки број и голем дел од најдобрите, изјави Горјан Наџински од Институтот за автоматика и системско инженерство. Според претседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски, човечкиот капитал е најважен за приватниот бизнис и треба да се направи се за да се задржи во земјава. -Апсоултно одиме на тој пат, комапниите да ги задржат своите врабоптени, тие да не заминат во западните земји, но има праг преку кој не може да се оди зашто компаниите може да дојдат во ситуација да го загрозат својот опстанок. Ние сметаме дека треба да се направи се за нашите вработени да останат тука, но мора да се постигне баланс, истакна Ѓорѓиевски и додаде дека во земјава веќе работат околу 10 000 лица од источните земји.Тагови: Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter