„Роблокс“ нуди зголемување на енергијата по гледање реклама во видеоигра - Канал 5

„Роблокс“ нуди зголемување на енергијата по гледање реклама во видеоигра

Американската платформа за видеоигри, „Роблокс“ (Roblox) ќе лансира нов вид реклами, и тие, всушност, ќе го наградуваат играчот по целосното гледање реклама. 

„Роблокс“ нуди зголемување на енергијата по гледање реклама во видеоигра

Станува збор за валутата во игрите и за зголемување на енергијата на Вашиот лик.

Огласите на цел екран, наречени „Наградувачки видеореклами“, може да бидат долги и до 30 секунди. Тие ќе бидат достапни за директно купување преку „Дајрект О“ (Direct IO) на „Гугл“ наредниве седмици. Натаму, креаторите на игри на „Роблокс“, кои ќе прикажуваат реклами, мора да имаат најмалку 18 години. Самите реклами ќе се прикажуваат само на играчи на 13-годишна возраст и повозрасни лица, соопшти компанијата.

Новите реклами се дел од проширувањето на форматот „реклами со длабок приказ“ на „Гугл“. Од оваа компанија соопштија дека рекламите може да се појавуваат како „реклами за билборд што ги гледате додека се возите низ виртуелниот град или на голем екран“ во самата виртуелна игра. Така, овие реклами „природно се вклопуваат во околината на играта“, се вели во соопштението.

Според креаторите на „Роблокс“, наредниве месеци ќе има и други формати на реклами, вклучувајќи и цели редови на почетната страница. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер