Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
2Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
Македонија„Реплек“ отвори нов производствен капацитет вреден над два милиони евраНов производствен капацитет вреден над два милиони евра беше свечено отворен денеска од фармацевтската компанија „Реплек“. Станува збор за високи технолошко и квалитетно решение, со висока продуктивност, со кое како што посочи генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ќе се зголеми капацитетот на компанијата и нејзиното прилагодување на пазарите, а цврстите форми кои ги произведува компанијата ќе се зголемат за 25 проценти. -Ова е целосна линија од почеток до крај, од таблетка до финална транспортна кутија и е прва најголема поединечна инвестиција во изминатите 80 години, истакна Пецовски. Тој посочи дека водени од виизјата за благосостојба лани „Реплек“ инвестирал рекордни 6,3 милиони евра во дигитализација автоматизација, модернизација, вклучително модерно ИРП интегрално системско решение од САП во нови производни капацитети, во развој на нови производи и нови линии. -Сето ова го правиме за да ни ја зголеми продуктивноста и ефикасноста на нашето работење. Во сите 80 години од нашето постоење „Реплек“ во континуитет успевал да се редефинира да се репозиционира и да се реоткрие, во нашето ДНК е да ги следиме и прифатиме светските трендови, истакна Пецовски. „Реплек“ во моментов е присутен во 25 држави, а планот е до 2030 година таа бројка да се зголеми на 40. - Ако денес сме присутни во 25 земји во 2030 амбицираме тоа да бидат 40 земји и затоа до крајот на годината инвестициите во „Реплек“ ќе достигнат до рекордни 10 милини евра. Само изминатата година растот на нашата продажба изнесува 24 проценти и тој тренд очекуваме да продолжи во наредните пет години, истакна Пецовски. Тој нагласи дека се задоволни од институциите од она што значи поддршка за пласирање на производите на компанијата на странските пазари. На свеченото отворање се обрати премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека на денешниот настан сведочиме на уште една позитивна приказна за македонската економија. -„Реплек“, еден од симболите на континуитет, квалитет и професионализам, во годината кога слави 80 години постоење, прави нов, визионерски чекор напред. Со новиот фармацевтски производствен блок, „Реплек“ не само што го модернизира и автоматизира својот производствен процес, туку го зголемува капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за значајни 25 проценти. Тоа значи нова технологија, поголема ефикасност, повисоки стандарди, но и нова потврда дека нашата земја има потенцијал и капацитет за индустриски раст, нагласи премиерот. Тој истакна дека силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку и по храброста на нејзините луѓе да вложат, да создадат и да веруваат дома и додаде дека оваа инвестиција има особена тежина, затоа што е домашна. -Станува збор за македонски капитал, за македонска компанија, за вложување во иднината на македонската индустрија. Во време кога често се зборува само за странски инвестиции, денеска овде покажуваме дека и домашните претприемачи, визионери и стопанственици, се моторот на развојот. Токму затоа, Владата што ја предводам, останува цврсто посветена на поддршката на домашните компании. Не само како економски субјекти, туку како двигатели на нашата иднина, додаде Мицкоски. Тој истакна дека стратегија на Владата е јасна, а тоа е создавање поволна деловна клима, намалување на бирократските бариери, поддршка за развој, за иновации, за извоз, за зголемување на додадената вредност. -Ние веруваме дека силна економија се гради не само со странски капитал, туку и со грижа за својот – за секој што решил да остане, да вложи, да создаде тука, во Македонија. „Реплек“ е пример за тоа, пример што инспирира и мотивира, рече Мицксоки. Премиерот посочи и дека во изминатата година државата бележи пораст на индустриското производство, нови инвестиции, стабилни јавни финансии и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните и додаде дека новиот блок на „Реплек“ е дел од таа слика, слика на една Македонија што гради, што инвестира, што оди напред. -Затоа денес, пред сите вас, сакам да упатам искрена честитка до менаџментот, до инженерите, фармацевтите, техничарите и сите вработени во оваа компанија. Вашата работа не е само технолошки успех, тоа е и патриотизам и визија, и одговорност. Почитувани пријатели, Во едно време на предизвици, на неизвесности, на глобални турбуленции, Македонија има компании како „Реплек“. Компании што се нејзината сила. Компании што не се плашат да чекорат напред. Компании што градат. И затоа да ни е честита оваа инвестиција. Да е честит јубилејот, 80 години постоење на „Реплек“. Нека оваа линија произведува не само лекови, туку и надеж и иднина и доверба во македонската економија, рече Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Билд“: Русија планирала напад во Полска и сакала вината да ја префрли врз УкраинаПолските граничари, разузнавачките служби и елитните воени единици беа ставени во состојба на висока готовност по извештаите за наводна руска операција што се подготвувала долж границата со Калининградската област.Според овие информации, Москва планирала провокација од типот „лажно знаме“ на територијата на Полска – земја-членка на НАТО – пренесува германскиот весник „Билд“. Руските разузнавачки служби наводно планирале саботажа на полска територија – во близина на границата со руската Калининградска област – за крајот на октомври или почетокот на ноември, со намера за нападот да ја обвинат Украина. Како што пренесува „Украинска правда“, оваа информација првично ја објави полскиот весник „Жечпосполита“, повикувајќи се на високи извори во полската војска и безбедносните служби. Планот бил вината да се префрли врз Украина Операцијата предвидувала упад на руски саботери на полска територија. Нивната цел била да извршат напад што би резултирал со голем број жртви. Потоа, планирале да остават подметнати докази кои би сугерирале дека за тоа е одговорна Украина. Извори запознаени со операцијата за спречување на нападот наведоа дека сојузничките разузнавачки служби ја предупредиле Варшава, а заканата подоцна била потврдена и од полските аналитичари. „Имавме информации за точните локации што биле цел на нападот. Рускиот план предвидувал голем број жртви“, изјави еден од изворите за „Жечпосполита“. Друг извор го спореди планот со инцидентот во Гливице – германска операција под „лажно знаме“ од 1939 година. „Требаше да биде нешто слично на Гливице. Оние што ќе ја преминеа границата веројатно ќе беа убиени, а кај нив ќе беа пронајдени докази што би ги поврзале со Украина. Целта беше да се запре помошта за Украина“, објасни тој. Полските служби презеле контрамерки Полските служби презеле контрамерки откако руски разузнавачки агенти, задолжени за координирање на саботажата, биле забележани на руската страна од границата. Ваквите операции обично се планираат и координираат од руската воена разузнавачка служба ГРУ. Кон крајот на октомври, полициските сили во областите долж границата со Русија беа засилени со припадници од други делови на Полска. На контролните пунктови на Граничната стража пристигнаа засилувања, а на терен беа испратени и дополнителни припадници на Агенцијата за внатрешна безбедност. Во Варминско-мазурското војводство, специјалните сили спроведоа вежби. „Целта беше одвраќање, но и обезбедување на способноста за превентивно дејствување“, изјави извор запознаен со деталите. На почетокот на ноември, во седиштето на полската полиција беше формиран посебен оперативен штаб за дејствување во Варминско-мазурското и Подлашкото војводство. На 3 ноември, премиерот Доналд Туск потврди дека во текот на ноќта на полско-руската граница биле забележани „сомнителни активности“. Министер: Заканата е оценета како реална На новинарско прашање дали Русите планирале терористички напад на локација со голем број луѓе, министерот и координатор на специјалните служби, Томаш Семонјак, не даде директен одговор. „Не го знам одговорот на тоа прашање, тоа би требало да ги прашате Русите. Тие обично не признаваат дека планираат такви акции. Дури и да имаме такви информации, ние не ги споделуваме“, рече тој. Сепак, тој ја потврди сериозноста на ситуацијата. „Ако презедовме одредени мерки, тоа е затоа што сметавме дека заканата е реална“, изјави Семонјак, додавајќи: „Верувам дека сите мерки преземени во овој случај беа соодветни. Достапните докази укажуваа на тоа дека заканата е оценета како реална“. Извор: Индекс.хрТагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез: Разводот од Афлек е разочарување на сите нивоаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез отворено проговори за своите неуспешни бракови, вклучително и за разводот од холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек. Таа призна дека, по нејзината најнова разделба, морала повторно да ги преиспита сопствените одлуки и да научи како да пронајде среќа без партнер. Гостувајќи во подкастот „Friends Keep Secrets“ – како што пренесува „Page Six“ – Лопез го опиша разводот од Афлек како разочарување на секое ниво. Таа откри дека со години преминувала од една сериозна врска во друга, верувајќи секојпат дека ја пронашла личноста со која ќе го помине остатокот од својот живот. „Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи го ’оној вистинскиот‘ и надевајќи се дека овој пат, конечно, тоа е тоа“, раскажа таа. Како што објасни, овие разделби ја оставиле целосно скршена – до тој степен што, во одредени моменти, немала сила дури ни да стане од кревет. Со текот на времето, сфатила дека проблемот не лежи само кај нејзините партнери, туку и во обрасците на однесување што постојано ги повторувала. Како резултат на тоа, морала да научи да се сака себеси. Лопез призна дека дури ни големата популарност не ѝ помогнала да се ослободи од чувството на осаменост. – Долго време бев славна и се чувствував малку изгубено во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека постојано сте опкружени со други луѓе, но сепак, на некој начин, сте осамени – рече таа. Лопез првпат стапи во брак со Оџани Ноа во 1997 година, а нивниот брак заврши во 1998 година. Од 2001 до 2003 година беше во брак со танчерот Крис Џад. Во трет брак стапи со пејачот Марк Ентони. Заедно ги имаат 18-годишните близнаци Макс и Ема, а се разведоа во 2014 година. На почетокот на 2000-тите беше свршена со Бен Афлек, но раскинаа во 2004 година. Речиси две децении подоцна ја обновија љубовта и се венчаа во 2022 година. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, на втората годишнина од нивната венчавка во Џорџија. Бракот официјално заврши на почетокот на 2025 година.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00