„Renault“ продаде повеќе од 770.000 возила во првата половина на 2023 година - Канал 5

„Renault“ продаде повеќе од 770.000 возила во првата половина на 2023 година

„Renault“ објави дека продал повеќе од 770.800 возила ширум светот во првата половина на 2023 година, што е зголемување од 11% во споредба со истиот период во 2022 година, пишува „Autoblog“.

„Renault“ продаде повеќе од 770.000 возила во првата половина на 2023 година

Европа остана најголемиот пазар на француската марка, со 501.985 возила во првата половина на 2023 година.

Продажбата во Европа беше зголемена со зголемената побарувачка за најпрофитабилните возила од „C“-сегментот. Овие автомобили, кои ги вклучуваат моделите „Austral“, „Arkana“ и „Megane E-Tech“, остварија продажба од 136.195, што е зголемување од 42% во споредба со претходната година.

Побарувачката за новиот „Austral“, кој беше во продажба само во Франција на крајот на минатата година, го поттикна овој раст, со 39.495 продажби во првите шест месеци.

„Arkana“ беше бестселер на „Renault“ во сегментот „C“, со 41.821 продадени примероци. Овие автомобили, исто така, помогнаа да се зголеми продажбата на хибриди на „Renault“ за 40% на годишно ниво (до 83.000).

Силниот раст на продажбата на хибриди го поттикнува напредокот на брендот „Renault“ на електрифицираната патека. „Austral“ со 65% од продажбата на верзијата „HEV“ и „Arkana“ со 55% од „HEV“ продажбата имаат значаен придонес за овој успех.

Целосно електричниот „Megane E-Tech“ достигна повеќе од 23.000 продажби во првата половина од годината. Тоа е најпродаваното електрично возило во својот сегмент во Франција. На „Megane“ отпаѓа речиси 50% од продажбата на електрични возила на „Renault“, која изнесува 48.000 единици. Од втората половина на 2023 година, „Megane“ ќе стане меѓународен, а продажбата ќе започне меѓу другото во Турција и Бразил.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрога

Лишени од слобода вкупно осум лица во Скопје, Струга и Кичево, кај нив при преглед е пронајдена дрога.

Лишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Американските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

Денес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба.

Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации.

„Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер