Регионот ги отвора границите, Македонија ја „крчка“ одлуката - Канал 5

Регионот ги отвора границите, Македонија ја „крчка“ одлуката

На малата медитеранска држава и појде од рака она за што денес сонуваат и земјите со најмоќни здравствени системи.

 Регионот ги отвора границите, Македонија ја „крчка“ одлуката

Црна Гора прогласи победа над Ковид-19 и е на добар пат и формално да прогласи крај на епидемијата доколку и во наредните осум дена не бидат пријавени позитивнилица. Земјата веќе 20 дена во низа не регистрирала ниту еден заболен, а од вчера нема ниту еден активен случај на вирусот. Црна Гора првиот позитивен пациент го имаше пред 68 дена, оттогаш забележа 324 заболени и 9 жртви. Добрата страгетија, според епидемилозите, во најголем дел се должи на честите тестирања и на правовременото детектирање на првите позитивни случаи во земјата.

-Сите тие резултати се крунисаа со една ваква сосојба. Сметам дека сме прва земја во Европа, која може да каже дека нема има нула случаи на инфицирани и нула случаи на заболени во овој момент. Значи немаме ниту новозаболени, ниту заболени, изјави Бобан Мугоша, Институт за јавно здравје на Црна Гора

Трендот на Црна Гора го следат и Словенија и Хрватска, кои вчера имаа по само еден позитивен случај. Хрватска денеска ги отвори вратите од училиштата за децата од прво до четврто одделение. Но како што пренесуваат медиумите во земјата, стравот од пандемијата придонело некои училници да останат речиси празни, некои пак, со цели одделенија.

-Не смеам да одам блиску до други и не смеам да се прегрнувам, вели момче во прво одделение.

Го замислуваше ли ти вака првото одделение?

-Не. Не мислев дека ќе дојде оваа корона. , вели девојче од прво одделение

Многу сум среќна, весела, пеам со денови и едвај чекам да ги видам децата. , Весна Млинариќ, наставник во училиште во Копривница

Хрватска оваа недела ја отвора летната сезона со посебни олеснувања за соседите, а по јуни и за останатите земји. Албанија соопшти дека ги отвора границите од први јуни ги отвора границите за соседите, како и хотелските плажи, додека сите капалишта за туристите ќе профункционираат од 10 јуни.

-Вирусот не замина, тој е меѓу нас. Сепак, почнувајќи од понеделник, први јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат внимателни, истакна Еди Рама, премиер на Албанија

На први јуни отворање на границите најави и соседна Србија, а Грција планира истото да го направи кон средината на месецот кога е планирано да почне и туристичката сезона, според најавите, за туристи од 20-ина земја, меѓу кои и од Македонија.Грција денеска ги отвори кафулињата, угостителските објекти и спортските центри на отворено, a Грците можат да патуваат на островите и да пловат на јахтите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер