Рецензија на делото „Шетајќи го ќибритот“ на екс премиерот Љубчо Георгиевски - Канал 5

Рецензија на делото „Шетајќи го ќибритот“ на екс премиерот Љубчо Георгиевски

Текстот е комплетна фикција/козерија и е базиран врз FB статус на некогашниот премиер, и „најголемиот ас“ на Бугарите - Љубчо Георгиевски. Ова е прв дел од рецензијата на неговото ново FB „дело“-„Шетајќи го ќибритот“

 Рецензија на делото „Шетајќи го ќибритот“ на екс премиерот Љубчо Георгиевски

Вчера македонската јавност се запозна со новото дело на авторот Љубчо Георгиевски , мега познат по неговата „научно-фантастична“ стихозбирка „Апокалипса“ од далечната 1988 год. вметна и една феноменална песна во која како да ја наговестува иднината која денес ни се случува па напиша. „...Некој ми шара по мозокот,некој ми црта шаблони во него,ми наместија електрични чипови,во срцето за природна емоција,со дигитално управување...А јас сакав само да лижам п**ка! Влажна, розава, месеста п**ка. Ве молам,оставете ме да ја долижам!...“

Новото фејсбук дело се вика „Шетајќи го ќибритот“ од авторот Георгиевски и само може да се погодува дали насловот на новото дело има врска со еден стар , познат виц во кој главни протагонисти се :доктор, пациент и еден ќибрит врзан за конец како куче да е?
Денес Канал 5 ексклузивно го објавува 1от дел од ова „научно-фантастично“ ремек дело, при што „поканивме“ неколкумина оналјн Рецензенти да дадат свое видување на самото дело. Дефинитивно, како што сметаат и Рецензентите и јавноста , ова штиво „Шетајќи го ќибритот“ од авторот Љубчо Георгиевски ќе внесе нов дух, и позитивна енергија не само во уметноста и субкултурата, туку и во гео-политичките случувања.
Следува фрагмент од Фејсбук делото, заедно со рецензиите:.

Глава 1: „Северна Македонија да даде гаранција дека нема никаква аспирација за Источна Македонија и во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.“

Рецензија: Авторот сериозно на политичко-стратешки начин воведува термин Источна Македонија, со што врши директна импликација дека Бугарија е источна Македонија. Но , поради фактот што ова фејсбук дело на авторот ЉуБчо Георгиевски е класична научна фантастика, која слободно може да се каже дека се воздигнува до висините на делата на Стенли Кјубрик, терминот Источна Македонија може да се сфати и дека делот на Македонија почнувајќи преку Крива Паланка, па Каменица, Пехчево, Делчево , Берово, се до Струмица и Дојран е Бугарија? Дали и Вицепремиерот Љупчо Николовски, заедно со Премиерот Зоран Заев се Бугари? Еден од Рецензентите, кој само тој ќе биде именуван со кодно име „Злобниот“ постави и дилема дали братот на Премиерот Заев, намерно е крстен по титулата „заменик“ односно Вице? Како е можно пред повеќе од 40 год. едно струмичко семејство да претпостави дека ќе го „даде“ денешниот Премиер по име Зоран, а братот ќе му биде „заменик“? Тука се вмешува друг Рецензент кој вели дека во делото не се споменува Заев и семејството, и дека, ако тој се прашува името Вице е дадено според познатиот хрватски пејач со презиме Вуков. Сепак таа дилема колку и да е парапсихолошка или политичка, не смее да се третира сериозно во ова фантастично „научно-фантастично“ дело на авторот Георгиевски

Глава 2: „Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така, само ја нудам српската стратегија, како тие ги решаваат нивните проблеми“

Рецензија: Тука авторот на ова дело, кој е познат и по еротска поезија во минатото ( види вовед на текстов ), директно им дава „идеи“ на безидејните бугарски политичари, при што очигледно се води од т.н. синдром на „заспана нација“. Рецензентот потсетува на изјавата на Премиерот Заев во кој легнуваме како Бугари, а се будиме како Македонци, креирани од лажните татковци, со тоа што рецензентот се прашува дали Каракачанов е принцот кој ќе ја разбуди “заспаната нација“ или пак убавата Захариева? „Злобниот“ пак Рецензент несомнено смета дека на авторот Георгиевски при пишувањата на ова фејсбук дело, „некој навистина му шарал по мозокот и му цртал шаблони“, како што самиот напишал во едно од неговите претходни ремек дела. Дополнително, „Злобниот“ пак се чуди како е можно ваков генијалец изненадувачки слабо да го познава македонскиот правопис, па зборот поддржа го пишува со едно Д ? Зборот ПОДРЖИ со едно Д, означува држење на нешто/некого краток период или време.Да не се крие некоја нова политичка „игранка„ од авторот Георгиевски, „глумејќи“ граматички аналфабетизам?

Глава 3:„Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи текстови и објаснение и да почнат да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.“

Рецензија: „Генералот“ на македонскиот пишан збор како што го нарекува пак еден друг Рецензент ( ова нема врска со реторичкото прашање на Бранко Црвенковски дали авторот во времето додека бил премиер на Македонија се облекувал како генерал и се гледал со часови пред огледалото во својата канцеларија ), на авантуристички начин индиректно ги потсетува читателите на не така далечното минато, а „Злобниот“ пак рецензент поставува дилема: дали во тие 10 славења можат да се вбројат и познатото „свиждање“ или по ново „ свирнување“, и дали дополнителни 9 одмори на Македонци во Бугарија ќе се сметаат за „заеднички настани“, при што голем број на Македонците ќе ги „слават“ летните одмори вообичаено со Бугарки и по некој Бугарин, нормално се во духот на Европската Унија, така да вкупно ќе се соберат 10 настани?

Глава 4: „Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.
-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонцисо бугарска национална свест. Според бугарски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарскајавност. Но и 1200 да се, демократијата треба да објави на виделина.
-Македонската страна да се задолжи во сите историски книги незвисно од државен или приватен издавач точно да го дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари. Секој фалсификат да биде финансиски санкционран.“

Рецензија: Ова генијално историско-фантастично поглавје отвора простор за еден сосема нов, досега непознат писателски жанр: авто-само-лажно- историско-утепувачки жанр, кој како таков наиде на широко воодушевување кај македонските издавачи, кои сигурно сами, несакајќи да бидат изложени на финансиски трошоци, со помош на бела темпера ќе почнат веднаш да ги покриваат зборовите : бугарски фашисти и бугарски окупатор, убиен или малтретиран од бугарска војска - буквално секаде каде Бугарите лажно се претставени во негативен историски контекст , и врз белата темпера ќе се испише само еден збор – СРБИ и СРПСКИОТ.
„Злобниот“ пак рецензент вели дека ова поглавје на делото „Шетајќи го ќибритот“ од авторот ЉуБчо Георгиевски ќе биде одлична идеја за оваа предавничка Влада која сигурно ќе предложи при попишувањето да се постават и следниве прашања :
1. „Дали сте Македонец кој се чувствува како Б'лгарин?“ и независно од одговорот ќе се премине на второто прашање, кое гласи:
2. „Дали сте биле убиени по Втората светска војна“? Можеби малку чудно ќе звучи живи луѓе, кои се попишуваат да бидат прашани од комисијата задолжена за попис дали се живи, односно дали веднаш по Втората светска војна биле убиени, ама уште почудно е нели што и авторот на ова ремек дело, познатиот „бугарскиот ас“ бил некогаш премиер?

Тука е крајот на Првиот дел од анализата на новото фејсбук дело , фантастичниот „научно-фантастичен“ роман „ Шетајќи го ќибритот“, а во очекување сме и на рецензиите на останатите поглавја застапени во ова штиво, кое се надеваме дека ќе ги објавиме во текот на утрешниот ден

Забелешка: Текстот и насловот на „делото“ е комплетна фикција и козерија, базирана на вистиниски ФБ статус на Љубчо Георгиевски, и на ниту еден начин не ја одразува моменталната писателска и политичката реалност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)

Американски војник е уапсен во Велика Британија под сомнение за помагање на странска разузнавачка служба, за кој се верува дека е Русија.

Шпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)

41-годишен маж денеска е уапсен во близина на Глостер под сомнение за сторени кривични дела според Законот за национална безбедност од 2023 година, објави Скај њуз.

Тој е осомничен за кривични дела според член 1 од законот, кој се однесува на добивање или откривање класифицирани информации, и член 3, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба.

Како дел од истрагата што ја води британската полиција за борба против тероризмот, полицајците вршат претреси на две локации во Глостершир, соопшти лондонската метрополитенска полиција.

Полицијата потврди дека обвиненијата се однесуваат на Русија.

Мажот останува во притвор во полициска станица во Лондон. Истрагата ја водат членови на одделот за борба против тероризмот на лондонската полиција, а проверките се во тек.

Заменик-помошникот комесар Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот во полицијата, изјави за Скај њуз дека апсењето е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти.

„Ова значајно апсење и истрага е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти. Обвинувањата се сериозни и нашата истрага е во тек. Оваа акција ја покажува силата на партнерството меѓу британските и американските безбедносни и агенции за спроведување на законот. Би сакал да ја пофалам работата на сите вклучени тимови. Заедно ќе преземеме решителни мерки против секој за кого се сомневаме дека е вклучен во криминална активност што би можела да ја загрози нашата национална безбедност“, рече Еванс.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, рече дека случајот вклучува обвинувања за шпионажа, што претставува исклучително сериозна закана за САД и нивните сојузници.

„Истрагата е сè уште во тек, но сакам да испратам јасна порака - ФБИ има нулта толеранција за секој што ја прекршува својата заклетва кон САД и чии постапки ја загрозуваат нашата национална безбедност и безбедноста на нашите партнери“, рече Пател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колегите ја натерале на бизарна кладба, полицајка направила добар бизнис: Сѐ почна од две камили (ВИДЕО)

Таа порано работеше како полицајка, а сега води фарма каде што камилите станаа главна туристичка атракција. 

Колегите ја натерале на бизарна кладба, полицајка направила добар бизнис: Сѐ почна од две камили (ВИДЕО)

Иако звучи како внимателно осмислен бизнис план, сè започна сосема случајно, благодарение на предизвикот што ѝ го дадоа нејзините колеги.

Пета Девин од Австралија не планираше да стане одгледувач на камили. Таа само сакаше да купи земјиште на кое ќе може да чува неколку животни. Сепак, еден облог ги промени нејзините планови и ги постави темелите за бизнис кој денес привлекува туристи во еден од најнеобичните градови во Австралија.

Според австралиската ABC News, нејзината фарма се наоѓа во близина на Силвертон, мал град со само околу 27 жители, приближно 25 километри од Брокен Хил.

Од полициска униформа до фарма за камили

Сè започна во 2017 година, кога Пета реши да купи земјиште за да ја исполни својата долгогодишна желба да биде опкружена со животни.

Додека сè уште работеше како полицајка, нејзините колеги на шега ѝ предложија дека бидејќи живее во австралиската пустош, треба да земе неколку камили.

Таа го сфати предизвикот сериозно

„Моите колеги ме предизвикаа бидејќи живеев во дивината. Ми рекоа дека треба да имам камили како домашни миленици“, изјави таа за ABC.

Во рок од еден месец од купувањето на фармата, пристигнаа првите две камили.

Она што започна како необичен додаток на нејзиното домаќинство, со текот на годините прерасна во туристички бизнис наречен Фарма за камили во аутбек Силвертон.

Фармата сега е дом на цело животинско царство

Камилите не се единствените животни што посетителите можат да ги сретнат. Фармата исто така сместува овци, кози, магариња, емуа, елени, алпаки, свињи, пауни, гуски и други животни.

Така, Пета ја комбинираше својата љубов кон животните со можноста да им понуди на посетителите искуство што не можат лесно да го најдат во големите градови.

Особено важно време за нејзиниот бизнис е музичкиот фестивал Mundi Mundi Bash, кој привлекува илјадници посетители во овој дел од Австралија секоја година.

За време на фестивалот, туристите можат да престојуваат на нејзината фарма, додека таа организира тури со камили и простор за интеракција со животните на местото на фестивалот.

За мала заедница како Силвертон, ваквите настани претставуваат значајна можност за приход.

Град со 27 жители живее од туристи

На прв поглед, Силвертон наликува на напуштен град од вестерн филм.

Магарињата шетаат по неговите прашливи улици, а локалните атракции вклучуваат галерии, музеј посветен на филмот „Лудиот Макс 2“ и необични туристички фарми.

Сепак, зад необичниот изглед се крие локална економија која во голема мера зависи од посетителите.

Еден од жителите е уметникот Џон Динон, познат како „Човекот Ему“, кој четири децении наоѓа инспирација во австралиската дивина. Неговата галерија е особено успешна за време на фестивалската недела, кога тој отвора и поп-ап продавница на настанот.

Слична можност користат и брачниот пар Стив и Наоми Шмит, кои обично печат околу 2.000 солени пити за време на фестивалот.

За локалните претприемачи, доаѓањето на голем број туристи значи можност да се генерира значителен дел од сезонскиот промет во текот на неколку дена.

Фестивалот ги промени можностите за бизнис

Според Пит Девин, бројот на туристи што доаѓаат во Силвертон за време на фестивалот значително се зголемил откако настанот првпат се одржал, четири години пред објавувањето на статијата на ABC.

„Навистина нè става на мапата“, рече таа, опишувајќи го пристигнувањето на автомобили и приколки со посетители.

За сопственикот на фармата, тоа значи повеќе гости, но и можност да го претстави бизнисот на луѓе кои можеби никогаш не застанале во Силвертон.

Туристичката важност на местото е потврдена и од приказната на Адриан Бенет, Британец кој се преселил во Силвертон во 2009 година со својата сопруга Линда поради неговата љубов кон филмот „Лудиот Макс 2“.

Денес, тој раководи со музеј посветен на тој филм, од кој делови се снимени во областа Силвертон.

Од облог до поинаков живот

Приказната на Пит Девин покажува како необична идеја може да стане основа за мал семеен бизнис, особено кога е поврзана со туризмот и локалните атракции.

Поранешниот полицаец не започнал со бизнис план, ниту пак имал намера да отвори туристичка фарма. Таа сакаше животни, а нејзините колеги ѝ дадоа идеја што таа реши да ја спроведе во пракса.

Првите две камили пристигнаа речиси веднаш, а неколку години подоцна тие станаа важен дел од бизнисот што привлекува посетители во австралиската дивина. И сето тоа благодарение на предизвикот што првично звучеше како едноставна шега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синер откри кога се враќа на теренот, зборуваше за најголемите ривали, но не и за Ѓоковиќ

Јаник Синер повторно проговори и го смири тенискиот свет. 

Синер откри кога се враќа на теренот, зборуваше за најголемите ривали, но не и за Ѓоковиќ

Италијанскиот ас беше во центарот на вниманието во Милано, на настанот „Биди како Грешник“, организиран од компанијата „Алијанц Италија“, а во таа прилика веднаш ја разјасни ситуацијата во врска со повредата на коленото што го држи надвор од теренот од летото.

Синер гледа напред и размислува за враќање на теренот.

- Протокол? Се надевам дека тоа значи враќање во Австралија, тоа е целта. Се надевам и дека ќе играм турнир пред тоа.

Тој зборуваше и за сезоната што е зад него.

- Вимблдон беше неверојатен, но освојувањето на титулата во Рим беше фантастично. Сега им верувам на моите лекари, ги имам најдобрите експерти во светот околу мене. Притисокот е секогаш таму. Би било чудно да не беше таму, но тоа е најмалиот од проблемите во моментов - рече Синер.

Една од темите беа промените во тренерскиот персонал.

- Мислам дека претходната одлука што ја донесовме со Симоне и Дарен беше многу поважна. Магнус Норман е многу сличен на Дарен, работеше со Вавринка и помина низ многу. Веднаш најдовме заеднички јазик, го прифаќа начинот на кој работиме и нема многу да се менуваме.

Тој зборуваше и за неговиот однос со Кејхил, кој ќе го напушти својот тренерски штаб на крајот од сезоната.

- Она што најмногу ќе ми недостига кај Дарен е нашиот личен однос. Се запознавме пред неколку години и тој ми стана речиси како втор татко. Ќе остане во моите контакти засекогаш и знам дека ќе можам да го повикам секогаш кога ќе ми треба нешто.

Италијанецот заврши со насмевка:

- Не мислам дека тоа ќе ме спречи. Се разделуваме на сосема нормален начин, како ништо да не се случило.

Синер зборуваше и за претстојното финале на сезоната во Торино, како и за неговиот сонародник Флавио Коболи.

- Коболи имаше неверојатна сезона, со Ролан Гарос има многу одлични резултати. Среќен сум за него. Тој е добар човек, има квалитетен тим со себе, а неговиот татко е таму. Тој го заслужи овој успех. Важно е да имаме барем еден Италијанец во Торино.

Конечно, тој им се обрати и на своите колеги тенисери, но не и кон Ѓоковиќ.

- Зверев заслужи да освои два Гренд слем титули и да стане тенисер број еден во светот. Да се ​​биде број еден е најголемата емоција за еден тенисер, прекрасно е. Алкараз? Се врати по повреда на зглобот и тоа е важно, треба да му обрнеме внимание. Пропушти неколку натпревари на Отвореното првенство на САД, но искрено, не гледав многу тенис бидејќи сакав и јас да бидам таму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер