Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
1Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
Култура„Разигран плоштад" 2020 – онлајн Разигран плоштад, манифестација која ги обединува сите уметности, ги промовира и афирмира сите секции кои егзистираат во Детскиот културен центар – Карпош, оваа година со својата онлајн програма повторно ќе го разигра празниот плоштад.Ова издание, информираат од Детскиот културен центар – Карпош, на „Разиграниот плоштад" е поразлично од сите останати изданија, бидејќи ДКЦ „Карпош" е секогаш подготвен да ви ги претстави и промовира своите активности, со програма, изведена од членовите на секциите на Центарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правотоПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари. Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем. На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и кои се однесуваат на унапредувањето на владеењето на правото и правната сигурност. Меѓу темите за кои се разговараше беа извршувањето на одлуките на Уставниот суд, законските механизми поврзани со нивното извршување, како и решенијата што се разгледуваат во рамки на подготовката на новиот закон за Судски совет и Кривичен законик. Соговорниците разменија мислења и за актуелните правни и реформски процеси, при што беше нагласена потребата од јасни законски решенија, почитување на уставните надлежности и координирана институционална комуникација за прашања кои имаат пошироко значење за правниот поредок. На средбата беше изразена подготвеност ваквиот институционален дијалог да продолжи и во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветАларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?Јапонската влада денес објави дека Северна Кореја лансирала проектил за кој се верува дека е балистичка ракета, објави „Кјодо“.Јужнокорејските медиуми, исто така, објавија, повикувајќи се на војската на земјата, дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил во морето источно од Корејскиот Полуостров. Јужнокорејската војска пред една недела соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета од областа на градот Вонсан на источниот брег на Северна Кореја. Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека анализата на нејзините карактеристики сè уште е во тек. North Korea fires possible ballistic missile over Sea of Japan https://t.co/LcpQDo0bxD — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 20, 2026 Тагови: ракета Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за младиМакедонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.Нашата земја оваа година за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Оваа година СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови. Плазма Спортските игри за млади, покрај тоа што обезбедуваат бесплатен спорт за секое дете, ги промовираат вистинските спортски и животни вредности. Најмладите преку спортот учат да го почитуваат противникот, да се борат до последниот момент, но и достоинствено да победуваат и губат. Во центарот на сите натпревари е фер-плејот. Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронзен медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Во силна конкуренција, младиот македонски атлетичар стигна до одличен резултат и уште еднаш покажа дека Македонија има голем спортски потенцијал. Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Струмичани покажаа одлични кошаркарски вештини и со своите настапи потврдија дека се одлични „баскетџии“. На теренот беше исклучително возбудливо, а младите кошаркари покажаа и атрактивни потези кои потсетуваа на најдобрите баскет сцени. И во оваа дисциплина, во преден план беше спортскиот дух и фер-плејот. Уште пред заминувањето за Сплит беше јасно дека Македонија има сериозни адути во шахот, а тоа се потврди и на меѓународната завршница. Во женска конкуренција, Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал, додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро. Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Младите натпреварувачи уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот. Македонските „симовци“ продолжија со одличните настапи и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се закити со сребрен медал. Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп, кој заврши на третото место во машка конкуренција, и Бојана Јовевска од Пехчево, која го освои третото место во женска конкуренција. Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир. Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена. Големото финале на Плазма Спортските игри за млади е предвидено за вечерва во Сплит, а се очекува на теренот да се појават и бројните најавени спортски ѕвезди и гости, со што ќе биде ставена завршната точка на големиот спортски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19