Култура„Рацинови средби“ со поинаков концепт и нови содржини Поинаков концепт и нови содржини, најавува директорот Васил Зафирчев за претстојната традиционална поетска манифестација „Рацинови средби“ што ќе се одржи на 11,12 и 13 јуни.Како што информира Зафирчев на прес-конференција, наградата „Рациново признание“ годинава ќе биде доделена само за прозна книга која е иновација во форма, структура и содржина, и го одбележала периодот меѓу двете „Рацинови средби“. Ќе се доделува и нова награда - „Анталогија на болката“, насловена по името на љубовната поезија на Рацин. Новина е и изборот на заштитно лице на манифестацијата, т.н. Музата на Рацин. - Целта на новиот концепт е да излеземе од херметизмот на манифестацијата која со децении се однесуваше само на книжевниците, писателите и поетите, да ја отвориме кон поширокиот аудиториум, да стане градско чествување на Рацин, потенцира директорот. Конкурсот за „Рациновото признание“ е веќе распишан и ќе трае до 15 мај, а добитникот ќе биде соопштен на 5 јуни. За наградата, наместо петчлена комисија, ќе одлучува тричлено жири чиј претседател е ланскиот лауреат Паскал Гилевски. Познати се и членовите на жирито, еминентните професори, книжевни теоретичари од Филолошкиот факултет во Скопје, Марија Ѓорѓиева Димова и Елизабета Шелева. - Од денеска е распишан и конкурсот за „Анталогија на болката“ по името на љубовната поезија на Рацин, која е малку експонирана на манифестацијата за сметка на социјалната поезија во стохизбрката „Бели Мугри“. Заинтересираните млади и повозрасни неафирмирани автори можат да конкурираат најдоцна до 15 мај со дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија, истакна Зафирчев. Наградата е публикација од издавачката куќа „Култура“ и промоција на публикацијата во рамки на „Рацинови средби“. Во тек е и конкурсот за избирање „Муза на Рацин“ кој ќе трае до 10 мај, а може да учествуваат сите средношколки од Велес, на возраст од 14 до 18 години. - Идејата е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија, а воедно и афирмација и промоција на младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на манифестацијата, информира директорот. За Рациновите средби се планирани и други содржини како изложба на помалку познати фотографии на Коста Солев-Рацин, а ќе се одржи и манифестацијата „Илјада свеќи за Рацин“. Во Велес се планира да се отвори и ѕид за Рацин на кој граѓаните ќе може да испушуваат свои пораки. Ќе се промовира споменикот на музата на Рацин во велешката Гимназија „Кочо Рацин“, а на платното со кое ќе биде покриен споменикот исто така граѓаните ќе може да испишуваат љубовни пораки. Првпат „Рациновото признание“ ќе се додели на Спомен костурницата од НОВ, каде што почива поетот. „Рацинови средби“ годинава се организираат 52. пат со поддршка на Општина Велес и Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОгромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Veselinović Cirkus DOO (@vranjecirkus__) Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. - Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?; - Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИталијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha. - Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави. Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша. „Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“ Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“ Но, потоа таа го покажува решението. „Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува: „Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“ А потоа таа демонстрира како изгледа. Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената. Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време. Тагови: астронаутка вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар. Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент. Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците. Heavy rainfall triggered severe flooding in Libya’s capital, Tripoli, submerging cars, trapping people inside buildings and inundating hospitals. Videos show residents pleading for help and a security officer reportedly carrying a man with disabilities to safety. https://t.co/d9MbbNT3CT — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 13, 2026 Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини. France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.Тагови: Либија Триполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter