СДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
1СДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
Македонија„Пулс“ немал лиценца, а издадената во 2012 била за друг објект- продолжи судската постапка за трагедијатаСо изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Пред Судот денеска се отвори целокупната приказна за објектот во кој функционирала дискотеката „Пулс“ – од сопственоста, преку движењето на имотот, до правната и фактичката историја на локалот. Во судницата беа презентирани и 19 записници од инспекциски увиди во Кафе бар „Класик“, во кои како управител се води Митко Стојанов, а контролите биле спроведувани во негово присуство. Но, за разлика од овој побавен, иако суштински дел од доказната постапка, утринава пред судот во Идризово беше далеку потензично. Министерот без ресор и обвинет во предметот, Шабан Салиу, влезе во жестока расправија со полициски службеници, откако во два наврати се обидел да паркира на недозволени места – најпрво кај обвинителите, а потоа и на просторот резервиран за родителите на жртвите. Паркирањето тука е строго регулирано од МВР, со цел да се избегнат директни средби и можни инциденти меѓу страните во постапката. По расправијата, и натаму возилото одбиваше да го тргне, па на крај тоа го стори неговиот адвокат. А, со реакција на изјавата на адвокатот Шилегов, бранител на обвинетиот Шофкет Хазари, излегоа и родителите на жртвите, откако тој на минатото рочиште оцени дека обвинението треба да биде преквалификувано и дека станува збор за несреќен случај предизвикан од употреба на пиротехника. Родителите возвратија дека искрата можеби го запалила клубот „Пулс“, но дека системот ги отворил вратите за трагедијата. Најавија и дека јавно ќе го прочитаат обвинението против неговиот клиент. „Несреќа? Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување. Но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, кога се прифаќаат непополнети пријави, се користат стари согласности, се премолчуваат недостатоци и никој не иницира инспекциски надзор — тогаш тоа не е несреќа. Тогаш тоа е системско замижување. И навистина е цинично денес да слушаме дека луѓето во судницата „не знаеле зошто седат таму“. Не, господа. Тие многу добро знаат зошто седат таму. Седат таму затоа што 63 деца и млади лица не седат повеќе никаде.“, рече Александар Наунов - родител на Надица Наунова. На рочиштето беше презентирана и веќе споменатата лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија, а од презентираниот доказ произлезе дека лиценцата не била издадена за објектот каде што се случи трагедијата, туку за сосема друг угостителски објект, на друга адреса, на улица „Димитар Влахов“ бб во Кочани., додека објектот каде што се случи пожарот е на друга адреса, на улица Крижеска. Интересно е што дел од денешното рочиште го проследи словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, кој пред околу две недели имаше средба со родителите на жртвите. Тој во краток разговор со Канал 5 порача дека тука е како јавност со цел да види како се одвива најголемиот судски процес кој се води во државата. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓанитеПо враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен.Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење - над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. Мицкоски од екскурзија „пушти“ вода за пиење во Гостивар. А документ за исправност на водата сè уште нема. Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август. Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држи здравица и објаснува колку е „вкусна“ водата. Во случајот со Гостивар видовме целосна негрижа: иако анализите покажаа дека водата е загадена со фекалии, никој не ги предупреди граѓаните. Тие со денови пиеја отруена вода. Се отру и самата болница. Прво еден „полицаец“ (министерот Тошковски) ја хиперхлорираше, потоа друг (Ангелов) ја пушти во употреба со здравица. Од почетокот на кризата - нема ниту едно стручно лице. Ниту еден документ со анализи. Ниту една институција и одговорно лице што стои зад исправноста. Обвинителството на чело со Савевски е целосно на екскурзија. Ниту трага, ниту глас. Пет недели - ниту еден одговорен за Гостивар. Единствено што слушаме се соопштенијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, преку нивните и Орбановите медиуми, дека „сончаницата му го заматила мозокот“ на проф. д-р Венко Филипче и на целиот СДСМ. Откако повеќегодишните лажни вести и измислени афери граѓаните веќе ги препознаа, сега преминуваат на нов вид кампања - отворено исмејување. Над 50 места во Македонија немаат објавени анализи на водата. Само во последните три дена - уште два случаи со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани. Четири реки се загадени - сè уште нема одговорни. Ова е власт составена од тендер-патриоти, предводена од човек кој во најголемата здравствена криза во последните две години (труење со вода, епидемија на жолтица и западнонилска треска) одлучи да оди на екскурзија - заедно со половина од својата влада. Ароганцијата нема крај. А одговорност сè уште нема. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДве лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на АтинаПожарите во регионот продолжуваат да земаат жртви. Две лица загинаа во пожарот што беснее на островот Саламина во близина на Атина, каде што речиси истовремено избувнаа два пожари, предизвикувајќи евакуација на стотици туристи и локални жители, објавија противпожарните служби. Мобилизирани се околу 150 пожарникари, а на терен дејствуваат и четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода. Островот Саламина е омилено одредиште на атињаните, особено за време на викендите. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСостојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активниСостојбата со пожарите се смирува , утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни, 3 се под кобнтрола , а 18 се изгаснати. Активен е пожарот во општина Студеничани каде гори шума, во општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во општина Велес и Зелениково и во Јегуновце и Сарај.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter