2Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
3Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
Живот Психолозите објаснуваат кои се клучни знаци за прекин на односот со партнеротПочетокот на новата година за многумина е време да ги преиспитаат своите животни одлуки, а односите честопати се ставаат под лупа. Додека некои можеби размислуваат за промена на работата, други можеби се прашуваат дали се со вистинската личност. Не е случајно што адвокатите го нарекуваат 5. јануари „ден на развод“ поради порастот на барањата за развод, а статистиката покажува дека 42 проценти од браковите во Велика Британија завршуваат со развод, и тоа не секогаш поради неверство. Според експертите за врски, постојат неколку знаци на кои треба да внимавате ако чувствувате дека вашата врска е во криза и можеби е време да се разделите. Микро-неверство Еден од суптилните знаци за проблем е она што е познато како микро-неверство. Експертот за раскинување и развод, Сара Дејвисон, објаснува дека тоа е „градење односи со други луѓе кои не се физички“. Иако не изгледа штетно, таа објаснува: „Можеби ќе почнеме емоционално да се отвораме кон други луѓе – „лајкувајќи“ објави, контактирајќи некого приватно или доверувајќи им се на колегите од работа на начин на кој претходно не би се довериле“. Дејвисон верува дека тоа е „тест-фаза низ која поминуваме, и многу пати луѓето дури и не сфаќаат дека го прават тоа“. Довербата во другите за време на криза во врската може да биде начин ментално да се подготвувате за најлошото. „Честопати откриваме дека кога некој поминува низ раскинување, веќе има формирано врски со други личности“, додава Дејвисон. Избегнување планови Психотерапевтот Сузана Абсе истакнува дека неподготвеноста за заедничко планирање може да биде знак дека се подготвувате за крај. „Одеднаш се наоѓате себеси неподготвени за планирање - вашиот партнер може да почне да предлага датуми за заеднички одмор, а вие чувствувате отпор. Не велите свесно: „Нема да одиме на одмор затоа што нема да бидам со тебе“, туку се чувствувате неподготвено да планирате и да инвестирате пари во врската“, вели Абсе. Емоционално дистанцирање Една од најубавите работи во врската е можноста да ги споделите вашите најдлабоки соништа и стравови без страв од осуда. Моментот кога ќе престанете да го правите тоа може да биде знак за тревога. Психотерапевтот Ејми Бојановски-Баб го опишува тоа како ситуација каде „веќе не му кажувате на партнерот детално за вашиот ден: вашите грижи, вашите мали победи“. „Значи, наместо да сакате тој да биде првата личност со која споделувате работи, всушност им кажувате на пријателите, колегите или ги чувате само за себе. Така емоционалната интимност тивко исчезнува и вие се оддалечувате“, додава Бојановски-Баб. Недостаток на интимност Иако е нормално сексот да биде помалку активен по многу години заедно, загрижувачки знак е кога „се фаќате себеси како наоѓате изговор да го избегнете“. Психотерапевтот Маријана Џонсон вели дека „незаинтересираноста за физички контакт, е еден вид висцерално чувство дека навистина не сакате да имате секс“. Престанувате да се расправате Иако изгледаат како најлош дел од врската, расправиите се всушност здрави, особено ако брзо се смирувате. Тие се добар начин да ги исфрлите фрустрациите и да покажете што навистина мислите. Терапевтот за парови, Џоана Харисон, вели: „Кога паровите се караат, тоа е сепак знак дека односот ги засега и дека им е грижа еден за друг, бидејќи можеби се караат за да направат работите меѓу нив да функционираат на одреден начин. Чувството на поголема рамнодушност и тоа кога не можете ни да се натерате да се ангажирате околу партнерот, може да биде знак дека сте се откажале од врската.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter