3СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
Живот Психолог тврди дека преземањето на оваа улога во врската може да го уништи вашиот односНачинот на кој сме растеле има силно влијание врз тоа како подоцна развиваме романтични односи. Покрај стиловите на приврзаност, едно искуство кое често се пренесува во возрасните врски е парентификацијата (родителството) - ситуација во која детето презема одговорност несоодветна за неговата возраст. Психологот Џастин Џ. Лемилер предупредува дека ваквите искуства подоцна можат да доведат до нееднакви односи во бракот, каде што едниот партнер ја презема улогата на „родител“, а другиот на „дете“. „Родителството се случува кога децата ја преземаат улогата на грижа за своите родители или браќа и сестри, преземаат домашни работи или им даваат емотивна поддршка на возрасните. Таквите деца често ги потиснуваат сопствените емоции, стануваат независни премногу рано и растат верувајќи дека не можат да се потпрат на другите. Како последица на тоа, тие ги како возрасни ги сметаат сопствените потреби за помалку важни, а тоа може да го отежни односот со партнерот“, објаснува Лемилер за Psychology Today. „Ако не се променат, прекинувањето на оваа динамика честопати бара работа со терапевт.“ „Сексуалната терапевтка д-р Кејт Балестриери во мојот подкаст „Секс и психологија“ предупредува дека партнерите кои се родителски ориентирани честопати преземаат премногу домашни работи, ги потсетуваат своите партнери на обврските или се однесуваат кон нив како кон деца. Ова води до исцрпеност, огорченост и намален сексуален интерес. Кога едниот партнер секогаш води грижа за сè, а другиот се потпира на него, се губи рамнотежата и интимноста“, истакнува психологот. Ако некоја личност е оваа ситуација, експертите советуваат отворен разговор за поделба на работата и одговорноста, но и подготвеност таа личност да престане да ги презема сите задачи со цел да го охрабри партнерот да преземе иницијатива. „Ако нема промени, прекинувањето на оваа динамика честопати бара работа со терапевт. Препознавањето и менувањето на овие родителски обрасци е клучно за поздрава и порамноправна врска“, заклучува Лемилер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа иметоФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии. Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира. Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума. Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap GroupЈа разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо. Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо. Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра. Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја. Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра. А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group. Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк до Руднап? Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика. Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа. Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија. „Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски. Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика. Затоа што сè е бизнис за Мицкоски. Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter