Прв истополов брак во британското кралско семејство- голема венчавка ќе биде организирана кон крајот на летото (фото)

Роднината на кралицата Елизабета Втора Ивар Моунбатен избрал до олтарот да го отпрати поранешната сопруга Пени, со која бил во брак 16 години и со која има три ќерки.

По венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, наскоро ќе се одржи голема венчавка на принцезата Еугенија и Џек Бруксбанк. А, освен нив, лорд Ивар Моунбатен, роднина на кралицата Елизабета Втора, на вечна љубов ќе му се заколни на Џејмс Коел, што ќе биде прва истополова венчавка во британското кралско семејство.

Иако се уште не сакаат да го откријат точниот датум на венчавка, Ивар и Џејмс потврдија за британските медиуми дека големата свадба ќе биде организирана на крајот на летото.

Роднината на кралицата Елизабета Втора Ивар Моунбатен избрал до олтарот да го отпрати поранешната сопруга Пени, со која бил во брак 16 години и со која има три ќерки.

– Навистина сакав ова да го направам, особено поради Џејмс, кој се уште не бил во брак. За мене бракот на е важен, бидејќи веќе бев во еден во кој добив прекрасни ќерки, а на овој брак инсистирам, бидејќи мислам дека тоа на Џејмс му е многу важно. Тој немал стабилен живот како мене и токму поради тоа, тоа сакам да му го пружам – рекол младоженецот.

Тие ќе се венчаат во капелата на приватниот имот во Девон, а медиумите пишуваат дека ќерките на Ивар се многу среќни поради венчавката на својот татко.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер