Протестот е насочен против одлуката на американските надлежни служби, кои планираат денеска да спроведат голема рација и апсење на околу 2.000 илегални имигранти, на кои им е издадено решение за депортирање.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „не деца во кафез“ и „укинете ја агенцијата за имиграција“.
Портпаролот на полицијата Ентони Гуглеми изјави дека протестот поминал мирно и ниту еден од учесниците не е приведен.
Според проценките на полицијата, на протестот учествувале околу 5.000 луѓе. Слични собири се одржани и во други градови на сад, а во феникс полицијата уапсила 16 лица.