Забава Продадени 89 проценти од влезниците за фудбалскиот Мундијал, Американците ја „окупираат“ РусијаСветскиот фудбалски шампионат во Русија дефинитивно е магнет за публиката и навивачите од целиот свет.Се помалку влезници им се на располагање на фановите кои во живо би сакале да ги следат натпреварите на СП во Русија кое е на програмната од 14 јуни до 15 јули годинава. Организаторите на Мундијалот соопштија дека на 40 дена пред почетокот на турнирот продадени се 2 734000 влезници или 89 проценти. Околу 54 % од влезниците ги купиле странските навивачи. Од странците најголем број на влезници за стадионите купиле Американците, Германците, Бразилците, Колумбијците , Мексиканците и Аргентинците. Љубителите на фудбалот од САД досега купиле околу 80 000 карти иако нивната селекција не обезбеди учество на Мундијалот. Најевтините влезници за стадионите може да се купат по цена од 88 евра , а најскапите билети чинат 625 евра, секако не сметајќи ги влезниците за првиот меч на отворањето на Мундијалот и за големото финале. Инаку Светското првенство ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови низ Русија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтрово Охрид го стресе земјотрес од 3,9 степени Утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9. Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112 Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter