Пробала облека од модната линија на Ким Карадашијан: „Едвај дишам“! - Канал 5

Пробала облека од модната линија на Ким Карадашијан: „Едвај дишам“!

Познатата тиктокерка Бриана Ла Пагиа на својот профил со задоволство споделува каква облека купува не жалејќи за потрошените пари и вели дека ретко го враќа тоа што го купила. 

 Пробала облека од модната линија на Ким Карадашијан: „Едвај дишам“!

При последното купување оваа 23-годишна девојка се почестила со два фустани и еден пар панталони, како и мидер за обликување на телото од модната линија на Ким Кардашијан и сето тоа решила да го проба пред своите придружници.

Таа облеката прво ја пробува без мидер, а потоа со него.

@ihatebriannachickenfry ♬ original sound - NotChickenfry

Првиот фустан што го пробува девојката е фустан со сатенски корсет, модел за кој платила 88 долари. Бидејќи фустанот е прилично тесен и крут, Бриана се согласува дека фустанот е убав, но дека стомакот е во прв план и се гледа речиси сè. Со помош на мидерот за обликување на струкот, стомакот значително е намален, но таа на видеото вели дека не може да дише.

Вториот фустан што го пробува е припиен памучен фустан во сива боја кој делува многу поудобно, во што Бриана се увери кога го проба. Облеката ја следи линијата на телото и иако на девојката изгледа складно без мидер, таа смета дека тоа не е тоа.

Конечно, таа го пробува вториот фустан со мидер и сфаќа дека изгледа речиси совршено, освен задникот кој со фустанот делува сплескано.

Но, таа заклучува дека фустанот ѝ прилега одлично од напред и од страна.

Откако ја проба облеката, Бриана сфати дека е неверојатно добра и купената облека ја оцени со осумка од 10, но сепак нагласи дека ќе мора да вежба поради вишокот што го забележа кај себе додека пробуваше фустани. Следачите на Бриана се согласија дека таа изгледа подеднакво добро во облеката и со мидерот и без него, а особено беа воодушевени од фустанот со сатенски корсет. Многумина ѝ се заблагодарија за помошта и искуството што го сподели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и Македонија

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, а сезоната на пренос е во полн ек. 

Вирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и Македонија

Локални случаи на инфекција се потврдени во Грција, Италија, Шпанија, Романија и Македонија, според најновите податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), пишува Euronews.

Грчката Национална организација за јавно здравје (EODY) пријави 21 локален случај на инфекција регистриран до 22 јули. Дваесет пациенти развиле компликации на централниот нервен систем, како што се енцефалитис и менингитис, додека една пациентка имала поблаги симптоми. Досега нема смртни случаи, а тринаесет лица се хоспитализирани.

Само во изминатата недела беа пријавени 14 нови локални случаи. Еден случај е регистриран и кај лице кое престојувало во една од ендемските земји во странство, но сè уште не е утврдено каде точно се заразило, па затоа тој случај не е вклучен во епидемиолошката анализа на EODY.

Ширењето на вирусот во Европа

Податоците собрани од ECDC до 15 јули покажуваат вкупно 33 локално пренесени случаи во пет европски земји и соседството. Италија беше најпогодена со 20 случаи во 16 различни области. Три случаи се потврдени во Новара, по два во Кремона и Верона, а поединечни случаи се регистрирани и во Милано, Фиренца, Неапол, Падова, Модена и Ферари.

Два случаи се регистрирани во Македонија, во областа на Скопско и Повардарие. Романија, во регионите Аргеш и Сучава, и Шпанија, во Аликанте и Севиља, имаат по два случаи.

Картата на ECDC го покажува брзото географско ширење на вирусот. На пример, во Италија, за само една недела, 11 од 16-те региони каде што вирусот е сега присутен беа додадени на списокот на погодени области.

Грција: Атика главен фокус

Огромното мнозинство грчки случаи се откриени во поширокиот регион Атика. Инфекции се потврдени во општините Спата-Артемида (6), Маркопуло Мезогејас (2), Палини (2), Агија Параскеви (2), Вари-Вула-Вулијагмени (1), Кропија (1), Лавреотики (1), Неа Јонија (1), Халандри (1), Атина (1) и Глифада (1).

Надвор од Атика, по еден случај е регистриран во префектурата Лариса и општината Паламас.

Иако засега нема потврдени човечки случаи во овие области, EODY ги прогласи и општините Пајанија, Рафина-Пикерми, Маруси, Ираклио Атикас и Филотеј-Психико за области со висок ризик. Одлуката е донесена врз основа на епидемиолошки податоци и близината до областите каде што вирусот веќе циркулира.

EODY истакнува дека појавата на случаи речиси секоја година од 2010 година потврдува дека вирусот Западен Нил се воспоставил во Грција, а истата ситуација е и во неколку други европски земји.

ECDC објавува неделни извештаи во текот на летото бидејќи ширењето на инфекцијата е под влијание на времето, бројот на комарци и движењето на птиците, кои се природен резервоар на вирусот. Бидејќи е невозможно да се предвиди кои области ќе бидат погодени, здравствените власти низ целата земја препорачуваат граѓаните да се заштитат од каснувања од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. 

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24.

Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија.

Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. 

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија.

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега.



Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9).

Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер