Премиерот на Гренланд: Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, отворени сме за соработка

Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот.

Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, огромната данска арктичка територија богата со руда, изјави дека нејзините жители не сакаат да бидат Американци, но дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за островот со оглед на неговата стратешка локација и дека е отворен за подлабока соработка со Вашингтон.

Гренланд е дански автономен регион и се наоѓа североисточно од САД и северозападно од Европа и Данска, земјата на Европската унија на која и припаѓа островот. Неодамна Трамп изјави дека не исклучува економски притисок, па дури и воена сила Гренланд да стане дел од САД, бидејќи тоа наводно е „прашање на националната безбедност“.

Премиерот Егед рече дека Гренланд е секако дел од северноамериканскиот континент и „место што Американците го гледаат како дел од нивниот свет“. Тој исто така рече дека не разговарал со Трамп, но дека е отворен за дискусии на тема за „тоа што не обединува“.

-Кај кооперацијата станува збор за дијалог. Кооперацијата значи дека се работи во насока на изнаоѓање решение, рече Егед.

Лидерот на Гренланд се залага за независност на Гренланд и ја гледа Данска како колонијална сила која не се однесува секогаш добро со своето локално население, Инуитите.

-Гренланд му припаѓа на народот на Гренланд. Ние нема да бидеме ниту Данци, ниту Американци. Сакаме да бидеме Гренланѓани, рече Егед на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген.

Желбата на Трамп за Гренланд предизвика запрепастување во Данска и низ Европа.

На Гренланд живеат само 57.000 луѓе, но тој е најголемиот остров во светот, покриен со снег и мраз, богат со нафта, гас и ретки минерали. Тоа е стратешка локација на Арктикот каде Русија, Кина и други земји сакаат да го прошират своето влијание бидејќи климатските промени доведуваат до топење на мразот./МИА

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер