„Прада“ креатор на вселенскиот костим од „Артемис 3“ на НАСА - Канал 5

„Прада“ креатор на вселенскиот костим од „Артемис 3“ на НАСА

 Во октомври минатата година, „Аксиом спејс“ (Axiom Space) и „Прада“ (Prada) се здружија заради дизајнирањето и изработката на нов вселенски костим за мисијата „Артемис 3“ на НАСА.

„Прада“ креатор на вселенскиот костим од „Артемис 3“ на НАСА

Се работи, инаку, за првиот екипаж кој ќе стапне на Месечината првпат по „Аполо 17“ од 1972 година. Астронаутите ќе бидат облечени во скафандер наречен „Аксиом екстравеајкјулар мобилити јунит - АксЕМУ“ (Axiom Extravehicular Mobility Unit - AxEMU). Костимот најавен уште во 2019., е претставен за време на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано, Италија. Новиот дизајн ја подобрува флексибилноста, заштитата и безбедноста, потребни меѓу другото и за тн. „вселенски излегувања“ вон леталото што траат до осум часа при престој на крајно ниските температури на јужниот пол на Месечината.

Заштитната облека е речиси готова - веќе се направени тестови и симулации во простории на „Аксиом спејс“ и „Спејс-Икс“ (SpaceX), како и во НАСА. Последната проверка е планирана за 2025 година, откако ќе бидат завршени останатите проценки.

Скафандерот е, вообичаено - бел, а со црвени и сиви детали и изгледа помодерно од типичниот вселенски костим.

„Тимот на Прада соработуваше со инженерите на 'Аксиом' за да се изнајдат препорачани прилагодени материјали и својства коишто ќе ги заштитат астронаутите од уникатните предизвици на месечевата средина и визуелно ќе ги инспирираат идните истражувања на Месечината“, соопштија компаниите.

НАСА првично ја планираше мисијата „Артемис 3“ за 2025 година, но тоа беше одложено за септември 2026 година. Вселенската агенција ја додели мисијата на „Аксиом“ уште во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер