Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби - Канал 5

Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Пожари беснеат во регионот. 

 Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Властите за цивилна заштита на Грција наредиле евакуација на пет населби во близина на Атина поради големи пожари што беснеат југоисточно од главниот град и во близина на најголемата поморска база во земјата на островот Саламина, пишува грчки „Катимерини“. Освен на овие пожари, пожарникарите интервенирале и на повеќе огнени стихии северозападно од градот и во северна Грција. Поради сушата, ризикот од пожари останува висок во поголемиот дел од Грција, според грчката агенција за цивилна заштита. Земјата, кон крајот на летото, се соочува со топлотен бран со температури до 40 целзиусови степени, а се предвидува дека тој ќе трае до почетокот на следната недела. Активни пожари има и во 5 општини во Црна Гора. Како што соопшти црногорското министерство за внатрешни работи пожари беснеат во Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ. Во некој области побарана била помош и од воздухоплови за гасење на пожарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор

  Општина Карпош продолжува да ги унапредува своите капацитети преку воведување на современи технологии во секојдневното работење. 

О. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор

Во таа насоја, четворица вработени во општинската администрација успешно ја завршија обуката за управување со беспилотни летала (дронови), при што се стекнаа со сертификати за управување со ВБЕ (воздухоплов без екипаж). Сертификати за управување со беспилотно летало добија Душко Андонов и Жарко Радически, општински градежни инспектори, Јованче Цветановски, вработен во Одделението за екологија и енергетска ефикасност, и Саше Трајковски, камерман.

Со успешно завршената обука, дронот е ставен во употреба во рамки на Секторот Инспекторат и истиот ќе претставува значајна технолошка алатка за поефикасно, побрзо и попрецизно вршење на инспекцискиот надзор на терен. Неговата употреба ќе овозможи полесно согледување на состојбите на тешко достапни локации, визуелна документација на теренот, како и подобар увид во конкретни ситуации при спроведувањето на инспекциските постапки. Дронот ќе им биде достапен на сите инспектори во Секторот Инспекторат кои имаат потреба од ваков вид теренски надзор, а согласно потребите, неговата примена ќе може да се прошири и во работењето на останатите сектори во Општина Карпош. Оваа обука е особено значење, бидејќи не станува збор само за стекнување нови знаења и сертификати, туку и за создавање современи и поефикасни начини на работа во локалната самоуправа.

Примената на беспилотните летала отвора нови можности за подобро следење на инфраструктурата, урбанистичките состојби, јавните површини и состојбите во животната средина, како и за побрзо и поквалитетно собирање информации од терен. Со воведувањето на оваа технологија, Општина Карпош создава дополнителни перспективи за дигитализација и модернизација на своето работење, со цел инспекциските и другите општински служби да располагаат со посовремени алатки, а граѓаните да добиваат поефикасна, поодговорна и поквалитетна услуга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години

Француската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.

Франција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека, по детална техничка работа, владата пронашла решение што треба да ги задоволи забелешките на Уставниот совет и да биде во согласност со европското право.

„Оваа заштита мора да стане стандард и за сите европски деца“, рече Макрон, нагласувајќи ја желбата на Франција да види слична забрана спроведена низ целата Европска унија.

На 14 август, Уставниот совет ја отфрли забраната за социјални мрежи за лица под 15 години, оценувајќи дека таа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување.

Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се забранува креирање нови профили за корисници под 15 години почнувајќи од 1 септември и се наложува затворање на постоечките профили во рок од четири месеци, како и задолжителна проверка на возраста.

По одлуката на Уставниот совет, Макрон му наложи на премиерот Себастиен Лекорну да подготви нов предлог.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград.

Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години

Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“.

Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона.

УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат.

Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28.

За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер