Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
1Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
Култура„Посмртна венчавка“ - нов роман на Паскал Гилевски„Посмртна венчавка“ е новиот роман на современиот македонски писател Паскал Гилевски, кој излезе од печат во издание на „Матица македонска“ од Скопје. Во ова дело е пресликана семејната драма на авторот, доживеана по погромот на Граѓанската војна во Грција.Според поетот и литературен критичар Раде Силјан, новото дело на Гилевски е трогателна приказна за необичната судбина на двајца бегалци од родниот крај, маж и жена, кои минуваат низ пеколот на егејската епопеја, чувствувајќи ги врз своја кожа ужасите на војната. - Нивната семејна драма ќе кулминира откако ќе почине сопругот, со што ќе се отвори уште еден јаз, уште една драма во драмата: прашањето за докажување на нивната брачна заедница, кое останатите членови на семејството ќе ги втурне во жестокиот вител на кафкински устроените судски инстанци, вели Силјан. Паскал Гилевски е автор на осум романи, на пет збирки со раскази и на четири поетски книги. Од унгарски, грчки и француски јазик има преведено над двесте книги на македонски јазик. За своето богато творештво добитник е на високи книжевни и општествени признанија, меѓу кои и на државната награда „23 Октомври“ за животно дело. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВратени 20 тони македонски јаболка од бугарската границаДо утре треба да се знае судбината на 20-те тони јаболка што беа вратени од инспекторите на бугарската агенција за безбедност на храна, откако во анализите покажало зголемено присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници. Јаболката биле откриени во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни служби ги спроведуваат на увозеното свежо овошје и зеленчук. Од Државниот инспекторат за земјоделство објаснуваат дека пестицдите во јаболката биле во границите на дозволеното. „Двата камиона се задржани на македонската граница и дополнително се направени анализи. Од секој производ се зема мостра при извоз така и од јаболката направени се сите испитувања и според податоците нема надимнување на границата на пестициди“.- Државен инспекторат за земјоделство. Она што на една од мострите на што ги земале бугарските инспектори покажало дека имало над минимално под милиграм над дозволената граница. Извори за Канал 5 објаснуваат дека можно е да има влијание и политичката состојба, но засега ќе се чекаат уште еднаш официјални резулатати од направените мостри. Пред една година беше вратена зелка од Хрватска, тогашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски објасни дека по направените испитувања во Македонија воопшто не бил потврден хемиски препарат како што им било кажано на хрватската граница. Во септември беа вратени пратки пиперки од Хрватска и грозје од Црна Гора заради зголемени пестициди што биле потврдени на тамошните граници. Од државниот инспекторат за земјодлество објаснуваат дека вредностите и дозволените пестициди во Македонија се исти со закондоваствтото за извоз и увоз на храна со другите земји од соседството и со земјите од Европската унија. Тагови: Бугарија јаболка пестициди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00