Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
1Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
1Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
Живот„Последна генерација“ им објави војна на богатитеАктивистите од групата „Последна генерација“ најавуваат промени. Веќе нема да се држат до патиштата - се свртуваат кон борбата против „богатите“ кои ги сметаат за одговорни за климатските промени. Не се знае за какви акции станува збор.На 24 мај неколку стотици луѓе учествуваа во демонстрациите на солидарност со неодамна уапсените членови на движењето „Последна генерација“ во Берлин. По прекинот на акциите на лепење за асфалтот во Берлин, што во изминатите недели беше причина за бројни блокади на патиштата во германската метропола, активистите од групата „Последна генерација“ најавија нова стратегија за претстојниот период. „Од следната недела наша цел се симболите на модерното богатство. Вака сакаме да укажеме на непромислената екстраваганција на богатите“, се наведува во т.н. „Летен план 2023“ на ова движење, што беше доставен до одредени медиуми. Не беше прецизирано за какви дејствија ќе се работи. Климатската катастрофа е дело на богатите Во меморандумот се наведува дека „германската Влада им дозволува на супербогатите да ги уништуваат темелите на животот од ден на ден“. „Климатската катастрофа е првенствено дело на богатите“, се наведува во меморандумот. Во рамките на „Летниот план“ предвидена е пауза за време на летните одмори во повеќето сојузни покраини. Од 7 август активистите - свежи и жешки по одморот - треба да се посветат на нови акции. Во исто време, центарот на гравитација на нивните акции треба да биде Баварија, каде на почетокот на октомври се одржуваат избори за покраинскиот парламент. Баварија е и германската покраина која досега најстрого се однесуваше кон членовите на движењето „Последна генерација“. На барање на државното обвинителство во Минхен, неодамна низ земјата беше спроведена контроверзна рација против членови на тоа движење. Примиле речиси половина милион евра донации Движењето најави дека по репресијата на властите врз активистите, бројот на донации нагло се зголемил. За најкраток временски период на нашите сметки дојдоа повеќе од 450.000 евра донации“, соопштуваат од „Последња генерација“. Во иднина, како што нагласија, членовите на движењето „подобро ќе се едуцира“ во комуникацијата со новинарите, со цел пред се да се избегнат некои погрешни изјави, какви што се случуваа во минатото. Сè додека не ја завршат таа обука, на активистите им е забрането да контактираат со новинари. Со своите постапки „Последната генерација“ сака да ја натера германската сојузна Влада да преземе мерки кои би ја забрзале борбата против климатските промени. Овие мерки вклучуваат воведување ограничување на брзината од 100 километри на час на германските автопатишта, како и воведување билет за јавен превоз кој би чинел девет евра месечно. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаЈон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк. Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен. Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија? Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите? Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ. Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра. Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа. Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема. Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат. Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир. Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите? Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат. Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија. Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон. Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки. Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие. Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка.Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии. Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година. Средстава Владата ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканУкраден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на градот и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил ограбен и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал. Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook