После 50 маалски концерти вечерва запира „Култура во време на корона“ - Канал 5

После 50 маалски концерти вечерва запира „Култура во време на корона“

По позитивниот прием во јавноста, Градот Скопје планира овој проект да го претстави како свој адут во кандидатурата за Европска престолнина на културата за 2028 година

 После 50 маалски концерти вечерва запира  „Култура во време на корона“

На денешната прес конференција преставниците на градските културни институции информираа за резултатите од проектот „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“. На досегашните 50+ настани, настапиле повеќе од 200 изведувачи, со повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни општини во Скопје. Проектот запира со вечерниот настап на познатите „Суперхикс“, а градските културни институции наскоро ќе излезат со адаптирани програми усогласени со идните препораки на Владата.

„Она што е важно за овој проект е дека сите изведувачи беа еднакво платени со минимален износ од 14.500 денари, вклучувајќи ги големите имиња и младите таленти, со цел да се овозможи што поголем број на учесници и што поголем дофат на социјалните ефекти од мерката. Ниту еден поголем град во соседството не изготви сличен одговор на кризата од корона вирусот во доменот на културата, но се надеваме дека ќе земат позитивен пример од нас и ќе им помогнат на културните работници во своите градови. За жал, мора да напоменам дека овогодинешниот европски главен град на културата - Риека ги запре сите активности до крајот на годината оставајќи стотици локални уметници и културни работници без реализирани проекти од неколкугодишната своја работа.“ – кажа Никола Наумоски од Град Скопје.

Русе Арсов од МКЦ говореше за специфичноста на сцената со која што работи оваа институција и дека солидарноста како принцип била одлично прифатена меѓу членовите на разните бендови и колективи.

„Имаше музичари што настапија по неколку пати, а беа платени само еднаш, само за солидарно да им овозможат на своите колеги да го заработат својот хонорар.“ потенцираше Арсов.

Сермине Пурини од КИЦ додаде дека стигнати се голем број на апликации и дека не можеле сите да се реализираат, иако многу од нив биле квалитетни, па затоа институциите ќе ги имаат предвид за реализација на овие проекти за престојниот период.

Филип Аврамчев од Универзална Сала информираше за финансиските аспекти на кампањата – потрошени се 2.7 милиони денари од градскиот буџет, за хонорари на 168 уметници, културни работници и технички лица, покрај ангажираните вработени од МКЦ, КИЦ и Универзална.

Маалските концерти и онлајн изведбите кои ги реализираше Град Скопје дојдоа како дел од пакетот кризни мерки во однос на културата, а кои беа одговор на барањата на иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“, ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена, како и Синдикатот на Културата (СКРМ). Нивниот претставник Филип Јовановски го поздрави брзиот одговор на градот за нивните барања и повика министерството и Владата да го следат истиот пат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер