Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
1Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
2Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
3МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници
Балкан„Политико": Петков сака преку економска соработка да ги подобри односите со МакедонијаПо долги години контроверзии, ЕУ минатата година се согласи да ги покани Македонија и Албанија да започнат преговори за членство. Сепак, Бугарија ги блокираше преговорите поради спор со Македонија околу историјата и јазикот.Нестабилните односи со соседна Македонија, заедно со ниското ниво на вакцинација и борбата против корупцијата, се главните предизвици се кои ќе треба да се справи поранешниот претприемач, дипломец на Харвард и нов бугарски премиер Кирил Петков, оценува бриселскиот портал „Политико" во осврт на новоизбраната Влада на Бугарија. Во делот на анализата посветен на односите со Македонија, „Политико" наведува дека премиерот Петков сака да заземе поделотворен пристап кон земјава. – По долги години контроверзии, ЕУ минатата година се согласи да ги покани Македонија и Албанија да започнат преговори за членство. Сепак, Бугарија ги блокираше преговорите поради спор со Македонија околу историјата и јазикот. Ова ги спречи и Македонија и Албанија да го направат следниот клучен чекор во процесот за членство – усвојувањето на преговарачките рамки, што е предуслов за старт на преговорите со одржување на првите меѓувладини конференции, наведува бриселскиот портал. Во освртот се посочува дека ваквиот потег на Бугарија предизвика разочарување и на Балканот, но и во Брисел, каде поддржувачите на проширувањето велат дека Софија ја поткопува довербата во Унијата и остава политички вакуум во регионот за Русија, Турција и Кина кои сакаат да го прошират своето влијание. – Иако новата бугарска Влада не планира да се откаже од барањата за историските спорови со Македонија, Петков најави дека негова цел е да го прошири дијалогот и да ја искористи економската соработка за подобрување на односите, наведува „Политико". Порталот додава дека Петков планира новиот пристапот да биде поврзан со „зајакнување на постојните позиции" на Бугарија и би сакал комисиите што ги разгледуваат односите „да работат многу напорно следните шест месеци", но дека одбива да даде краен рок за завршување на процесот. – Мислам дека ниту една Влада, во моментов, не може само да излезе пред својот народ и да каже: „Во ред, заборавете на сите проблеми, ајде само да го потпишеме договорот", затоа што таквата Влада брзо ќе биде сменета, ја пренесува „Политико" изјавата на Петков. Петков, според порталот, смета дека на луѓето треба да им се покаже зошто соработката е корисна. – Сакам да можам директно да летам од Софија до Скопје, не преку Виена. Сакам да ја воспоставам првата железничка врска или ако е можно барем план за тоа. Сакаме да имаме заеднички културен календар, додава бугарскиот премиер во цитираната изјавата. На изборот на новата бугарска Влада се осврнува и Радио Франс Интернасионал (РФИ), посочувајќи дела Петков се претставува себеси како цврст проевропеец, која сака да направи напредок „по едно исклучително чувствително прашање за неговата земја: пристапувањето на Македонија во Европската Унија – нешто на што Бугарија се противи". РФИ во анализата пренесува изјава на француската експертка за Балканот Надеж Рагару која оценува дека тактиката на Петков не е да ги фокусира разговорите само на прашања од историјата, туку и „да понуди вистинска економска соработка меѓу двете земји и вистински развој на инфраструктурата". – Од оваа гледна точка, двете земји имаат заеднички интереси. За да блесне во регионот на Југоисточна Европа, Бугарија од своја страна мора да има поразвиени транспортни врски. Така, се надеваме дека преку заеднички проекти веројатно во наредните месеци Бугарија ќе го укине ветото за Република Македонија, додава Рагару. – Во интервју за „Фајненшл Тајмс" непосредно пред да неговиот избор за, Петков си даде шест месеци да го заврши процесот. Прилика за тоа ќе биде Самитот за Балканот, што ќе се одржи во Франција во јуни следната година, заклучува РФИ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАкадемија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“Младите фудбалери на Академија 8, генерација 2018, го освоија првото место на турнирот „Идни Ѕвезди 2026“, кој се одржа на 31 октомври на стадионот на ФК Лепенец во Бардовци.За екипата Академија 8 (1) настапија осум фудбалери: Стеван Видов, Давид Богојески, Иван Иљоски, Јаков Стефановски, Константин Ристески, Јован Јанковиќ, Адни Кадри и Матеј Богдановски. Со борбена игра, тимска поврзаност и посветеност, младите фудбалери стигнаа до заслуженото прво место. Тимот го предводи тренерот Павел Ристов, заедно со тренерите Боби и Пане, со поддршка од родителите, кои беа нивна верна публика во текот на турнирот. Уште еден убав спортски успех за Академија 8 и осумте млади фудбалери кои со својот настап го заслужија златото. Фото: АФТТагови: фудбалери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички заканиТошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор. Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година. „Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски. Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор. Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани. „Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот. Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“. На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети. Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем. „На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЈапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чајАмбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик. Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај. 3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области. Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата. Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45