70- годишник од Аеродром починал од западно нилска треска, два месеци се лекувал на Инфективната клиника
1Министерството за енергетика годинава најтранспарентно, институциите најмалку отворени се финансиите
270- годишник од Аеродром починал од западно нилска треска, два месеци се лекувал на Инфективната клиника
3Балканска актерката зборува шест јазици, омажена со холивудска ѕвезда, живее во Америка во вила вредна 4,5 милиони.
Европа„Политико“: Патокази за пристапувањето за Црна Гора, Албанија, Украина и МолдавијаПатокази со конкретни чекори за пристапување кон ЕУ ќе добијат најнапредните земји кандидатки за членство Црна Гора и Албанија, како и Украина и Молдавија, објави бриселски „Политико“.Четирите држави се сметаат за водечки кандидати за пристапување во ЕУ. Иако Брисел одамна ги поддржува нивните кандидатури, патоказите првпат ќе им понудат уверување дека, доколку продолжат со клучните реформи, ќе бидат примени во унијата. Се очекува со патоказите да се прецизира што точно се бара од секоја земја кандидатка, но и да содржат приближни датуми за официјално затворање на преговарачките поглавја од одделните кластери. Македонија, Косово и Босна и Херцеговина во оваа фаза нема да добијат патокази, пишува „Политико“. Истото се однесува и за Србија, Грузија и Турција, чии кандидатури се во застој поради загриженост за назадување во демократските и во судските стандарди. Насочената поддршка за земјите кандидатки „кои постигнале најголем напредок“ ја најави претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен за време на нејзиниот говорот за состојбата на унијата, по што еврокомесакраката за проширување Марта Кос во изјава за бугарската националната телевизија прецизираше дека такви патокази ќе добијат само Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаМинистерството за енергетика годинава најтранспарентно, институциите најмалку отворени се финансиитеИнституциите годинава бележат повисоко ниво на активна транспарентност. Просекот кај Владата, министерствата и општините достигнал 82 проценти, што е за два процентни поени повеќе од минатата година, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето опфатило 102 институции. Владата и министерствата годинава имаат просечна активна транспарентност од 86 проценти, наспроти 84 проценти лани, со што повторно се вратиле на нивото од 2023 и 2024 година. Подобрување има и кај општините, кои од ланските 79 стигнале до 81 процент за оваа година. По пет години лидерство на листата за отчетност на Министерството за одбрана, годинава првото место го презема Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кое е единственото министерство со максимални 100 проценти активна транспарентност. Второто место пак годинава го делат Владата и Министерството за дигитална трансформација со идентичен резултат од 97,6 проценти. Од друга страна, на дното на листата според отчетноста пак се Министерствата за односи меѓу заедниците со 72 отсто, за дпорт со 71,4 и за транспорт со само 66,7 проценти, кое бележи и пад во однос на ланските параметри. Извештајот кај локалната власт од друга страна забележува максимален резултат од 100 проценти кај четири општини и тоа Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип а на регионално ниво, четврта година по ред најдобар резултат има Источниот Регион. Но, зад подобрениот просек остануваат и сериозни слабости, забележува Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Сепак, во извештајот се посочуваат и сериозни слабости во отчетноста на државните органи. Дури 41 процент од институциите годинава го влошиле резултатот во својата активна транспарентност во 2026 година, а на дното повторно е Општина Лозово со само 36,9 од 100 проценти. Загрижува и фактот што најмалку информации се објавуваат токму за трошењето на јавните пари, при што министерствата исполнуваат 71, а општините 64 проценти од критериумите, со пад во однос на минатата година. Проблем останува и навременото одговарање на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Рангирањето на активната транспарентност се спроведува секоја година од 2016 година наваму. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија70- годишник од Аеродром починал од западно нилска треска, два месеци се лекувал на Инфективната клиника70 годишен скопјанец почина по 57 дневно лекување во Инфективната клиника со потврдена нилска треска почина, потврдија од Инфективната клиника. Пациентот бил со многу хронични заболувања и со тешка состојба на вирусот, потврди првиот човек на клиниката Цана. На клиниката во потешка состојба се двајца пациенти, а и седум пациенти се хоспитализирани. Седумдесет годишниот пациент е десетта жртва на западнонилската треска во Македонија. И граѓаните се уште да се внимателни и да користат заштита од комарци. Досега на клиниката за инфективни болести се лекувале 60 пациенти, 50 од нив се излекувани. Најчесто вирусот удира на нервниот систем кај луѓето и затоа треба да се лекуваат во болница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВучиќ ѝ ја предаде претседателската должност на Ана Брнабиќ и влезе во трката за иден премиерЕден по еден, Александар Вучиќ ѝ ги набројуваше клучните документи и укази што во наредните три месеци ѝ ги остави во наследство на Ана Брнабиќ. По оставката на Вучиќ, довчерашната претседателка на Собранието ја презеде функцијата шеф на државата. Денеска имаше причина за двојно славје. -Денеска ѝ е на Ана роденден, така што... Среќен роденден и нека ти е со среќа. , изјави Вучиќ. Ви благодарам, претседателе. Мислам дека никогаш Србија нема да има претседател кој што толку се бореше и беше пожртвуван. , изјави Ана Брнабиќ, в.д претседател на Србија. Брнабиќ на функцијата ќе остане најдоцна до крајот на годината, до кога треба да се одржат претседателските избори. Вучиќ од денеска и формално влегува во трката за премиер на изборите за неполн месец, откако синоќа се обрати пред приврзаниците. -Да се бориме уште еден месец и да ги победиме поубедливо од кога и да е. И Србија да победи. , рече Александар Вучиќ, кандидат за премиер на Србија. Потоа тој ја поднесе оставката, а како чин на добра воља помилува 49 лица, најголем дел поврзани со настаните во последната година и пол, кога избија студентските протести. -Сметав дека тоа ќе биде дополнително подадена рака до сите што се однесуваа неодоговорно. Затоа сакам како обичен човек, како човек од народот да се натпреварувам против оние кои беа и секогаш би биле против народот. , изјави Вучиќ. Студентската листа, која практично му е единствен конкурент на Вучиќ, веќе ја почна кампањата, која освен на интернет, ја води со панели на различни теми. -Сакам да бидем правно заштитен на работа и безбеден. Сакам правилата да важат поедеднакво, како за мене, така и за сите. Повеќе нема да биде прашањето зошто би останал во Србија, туку зошто воопшто би си заминал оттука? , изјави Милош Илиќ, студент. Досегашните анкети покажаа драстично различни бројки. Според едните убедливо води Српската напредна партија на Вучиќ, според други Студентската листа. Аналитичарите велат дека клучна ќе биде излезеноста, а поголем одѕив им оди во прилог на студентите. -Очекувам изборниот ден да биде тврд, мислам и во физичка смисла и се плашам од конфликти. Мислам и Вучиќ да победи со 5, 6, 7, 8 проценти разлика, тоа ќе биде јалова победа, тоа ќе биде мнозинство кое постојано ќе биде предизвикувана. , изјави за „Инсајдер.рс“, Никола Парун, политиколог. Анкетите покажуваат дека сите, освен листата на Вучиќ и на студените, се борат со цензусот од три проценти и се без шанси за забележителен резултат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07